Овој сертифициран органски шампон е наменет да ѝ даде на Вашата коса „африканска густина“. Составен од органско масло од баобаб и индиски сапунски орев, специјално е дозиран да ја направи косата погуста и да ѝ даде волумен. Без проблем отстранува од косата нечистотии, вишок на себум и остатоци од лакови или восоци за коса, без притоа да го дехидрира скалпот. Етиопското кафе има освежувачки ефект на скалпот и го стимулира растот на здрава и јака коса, истовремено враќајќи ѝ го природниот сјај. Екстрактот од коњска детелина (бела комунига), го смирува иритираниот скалп и ги отстранува бактериите и габите, кои се предизвикувачи на првут.
РЕЗУЛТАТ: 88% подебела и појака коса (базирано на истражување и оценка на 30 жени, каде 88% го имаат потврдено резултатот).
ПРОИЗВОДИТЕЛ/ИЗВОЗНИК: EUROBIO LAB OÜ, LEIVA 3, 12618 ТАЛИН, ЕСТОНИЈА
ЕКСКЛУЗИВЕН УВОЗНИК: КС ГРОУП ДОО, УЛ. НАРОДЕН ФРОНТ БР. 3/3, ЛОК.2, 1000 СКОПЈЕ