Капиштец: 078 885 333 | Тел: 077 703 888

Млеко за чистење на лице за сите типови на кожа – 200 мл.

970,00 ден

In stock

Баркод: 3760211483067 Шифра: 004091 Категории: 3 , , Tag:3 , ,

Сертифицираното органско млеко за чистење на лице, очи и усни е клучен дел од добрата рутина за прекрасна кожа.

Ефективно ги отстранува сите нечистотии кои се акумулираат на лицето во текот на денот: себум, загадување, пот или шминка – дури и ако е водоотпорна.

Неговата богата текстура е особено прилагодена за посув тип на кожа: Му дава на лицето вистинско чувство на комфор. Не е потребно исплакнување – се користи со помош на памучен туфер. Погодно е за сите типови на кожа и не ги надразнува очите.

Најважната состојка која ја содржи – Шеќерна морска трева (Laminaria saccharina), екстракт од кафени морски алги, ја смирува иритацијата и го истакнува сјајот на кожата.

Дополнително, млекото е збогатено со органско алое вера, органски глицерин, органско масло од јојоба и органски алфа-бисаболол, кој хидрира, заштитува, негува и го намалува црвенилото на кожата.

Лесниот и нежен мирис (воден лотос, цвет од памук) ќе ви овозможи вистински момент на релаксација..

Шишето со пумпа (200 ml) од рециклирана пластика е идеален и за секојдневна употреба и за да го понесете со себе за време на викенд или патување. Капачето со прскалка го олеснува користењето.

Карактеристики:

  • Ги елиминира нечистотиите на кожата и шминката – дури и ако е водоотпорна
  • Богата текстура
  • За сите видови кожа
  • Веганска
  • Погодно за бремени жени и доилки
  • Не е потребно плакнење – може да се користи со или без памучен туфер
  • Не ги надразнува очите
  • Капаче со прскалка за лесна употреба
Млеко за чистење на лице за сите типови на кожа – 200 мл.
970,00 ден