Оваа мицеларна вода ги отстранува сите траги на шминка и нежно ги чисти лицето и очите во еден чекор, истовремено почитувајќи го балансот на кожата. Совршено хидрирана*, кожата изгледа посвежо и почисто.
Формулирано со:
- Најдоброто од алое вера: органски сок од алое вера, вистински хидрирачки концентрат, извлечен од срцето на свежи растенија
- Органска, светна вода од пченкарен цвет, позната по своите деконгестивни и својства против умор
ТЕСТИРАНО ПОД ДЕРМАТОЛОШКА КОНТРОЛА
- 99% од природно потекло
- 0% силикони, синтетички мириси
СЕНЗОРНОСТ
Нежно и освежувачко елиминирање на сите траги од шминка и нечистотии, без оштетување на кожата.
Нејзината зеленчукова миризба е како алое вера. Започнува со зелени, водени и цитрусни ноти, потоа омекнува на кожата благодарение на нејзината нега и нотите на од бели цветови.
ДОКАЖАНА ЕФЕКТИВНОСТ
Клинички докажана ефективност:
- Производот нежно отстранува шминка без да го суши лицето 80%
- Производот нежно отстранува шминка од очите 85%
- Производот не предизвикува печење на очите 80%
- Производот обзбедува чувство на свежина 75%
- Производот не предизвикува чувство на затегнатост 75%
% на задоволство – 20 испитаници – 21 ден употреба
ЕТИКА
За оваа мицеларна, SO’BiO étic® одбраа органско алое вера од Мексико, рачно набрано за да се зачуваат растенијата и нивната околина.
Бидејќи е Fair Trade сертифицирано, неговата набавка допринесува до подобрување на животните и работните услови на локалните производители.
СОК ДО АЛОЕ ВЕРА
Алое вера е одбрано поради своите хидрирачки својства* и неговата способност да ја заштити и смири кожата. Неговата свежа пулпа, богата со шеќери, витамини и минерали, го прави чудо од растение за кожата.
ИНОВАЦИЈА: SO’BiO étic® одбраа сок извлечен директно од срцето на свежи листови од Алое Барбаденсис, со цел да ги зачуваат неговите богати активни состојки. Навистина, сокот ги држи недопрени сите придобивки од алое вера (не помалку од 55 составни делови).
*Хидратација на горните слоеви на епидермисот
99% состојки од природно потекло
10% состојки од органско потекло