Кожата околу очите е многу нежна и тенка и е потребна посебна нега. Витаминизирачкиот крем за очи „Алое Вера“ се базира на сокот од алое вера кој ја збогатува кожата со амино киселини и микроелементи, помага да се отстранат знаците на замор и го подобрува имунитетот на кожата.
Главни активни состојки:
– Сокот од алое вера интензивно ја храни кожата со витамини и аминокиселини, ја штити од предвремено стареење и од негативните фактори на животната средина
– Маслото од кајсија ја храни кожата, го подобрува тонусот и еластичноста и ги неутрализира негативните ефекти на околината
– Екстрактот од волчји трн е биостимулатор, го подобрува клеточниот метаболизам, регенерира и ги подобрува заштитните својства на кожата
Кремот претставува мулти-ламеларна емулзија. Оваа структура е најблиску до структурата на горниот слој на кожата, што ја зголемува ефикасноста на кремот и помага во одржувањето на хидробалансот во клетките.
– За сите типови на кожа
– Се препорачува за употреба од 18 годишна возраст
– Можна е индивидуална нетолеранција на поединечни компоненти во составот
– Се препорачува кремот да се нанесува најмалку 30 минути пред да излезете надвор
Алое вера
Алое вера има силно навлажнувачко, бактерицидно и анти-стареечко дејство. Ја забрзува регенерацијата на клетките и го намалува воспалението. Создава невидлива бариера на кожата и ја штити од надворешни фактори.
Кафеави алги
Кафеавите алги се користат како состојка која содржи тоник и имаат хранлив, регенерирачки, навлажнувачки и антицелулитен ефект. Го намалуваат воспалението на кожата и ја зголемува нејзината еластичност.
Кокосово масло
Кокосовото масло ја навлажнува, омекнува и ја храни кожата. Има антибактериско дејство и штити од штетното дејство на сончевата светлина.
Волчји трн
Плодовите од волчји трн имаат антиинфламаторно, антиоксидантно, антисептично, заздравувачко и регенерирачко дејство. Тие го спречуваат создавањето на брчки, ја зголемуваат цврстината и еластичноста на кожата.
ПРОИЗВОДИТЕЛ/ИЗВОЗНИК: LLC LEVRANA, SABIROVSKAYA 37, САНКТ ПЕТЕРБУРГ, РУСИЈА
ЕКСКЛУЗИВЕН УВОЗНИК: КС ГРОУП ДОО, УЛ. НАРОДЕН ФРОНТ БР. 3/3, ЛОК.2, 1000 СКОПЈЕ