,,CICA – Reparative” кремата ја обновува и смирува иритираната, оштетена и реакивна кожа, идеална е за целото семејство (новороденчиња, деца и возрасни).
Оваа сертифицирана органска крема помага во обновување на површинските слоеви на епидермисот, благодарение на нашата ексклузивна состојка Alga-Sendatu® – патентиран природен екстракт од црвени алги од брегот на Баскија, кој го поттикнува повторното формирање на најгорните слоеви на кожата и ја зајакнува нејзината заштитна бариера.
CICA REPA кремата е наменета за сите помали кожни оштетувања, како што се:
кожни иритации,
црвенило,
осипи,
гребнатини,
нега по депилација,
површински изгореници (вклучително и изгореници од сонце).
Може да се користи и за нега по површни дерматолошки интервенции (како ласерски третмани, хемиски пилинзи, дермоабразија, тетоважа на веѓи и сл.), како и за кожа што е иритирана или сува поради одредени дерматолошки третмани.
Кремата е наменета за употреба на лице, тело и надворешни мукозни површини.
Се нанесува на суви, неексудативни (невлажни) лезии. Во случај на влажни лезии, се препорачува употреба на CICA Лосион за обнова и регенерација на кожа – 40 мл.
Текстура и мирис:
Обогатена со хидратантни состојки (органска алое вера и хијалуронска киселина) и хранливи состојки (органски растителни масла), оваа крема има биомиметичка формула со ефект на “втора кожа”, со немрсна и нелеплива текстура.
Формулирана без мириси и без алкохол, нејзината хипоалергена² формула е оптимизирана за максимална подносливост.
Кој може да ја користи?
Формулирана за сите типови кожа, вклучувајќи и реактивна кожа (на пр. склона кон егзема), оваа крема е погодна за целото семејство (новороденчиња, деца, возрасни), од раѓање, како и за бремени и доилки.
ПРОИЗВОДИТЕЛ/ИЗВОЗНИК: LABORATOIRES DE BIARRITZ 44 RUE LUIS MARIANO-64200,ФРАНЦИЈА
ЕКСКЛУЗИВЕН УВОЗНИК: КС ГРОУП ДОО, УЛ. НАРОДЕН ФРОНТ БР. 3/3, ЛОК.2, 1000 СКОПЈЕ