Тел: 078 885 333

Крема за обнова и регенерација на кожа – 40 мл.

805,00 ден

РЕСТОРАЦИЈА • ПРОЧИСТУВА
ЕКСТРАКТ ОД ЦРВЕНА АЛГА • АЛОЕ ВЕРА

На залиха

,,CICA – Reparative” кремата ја обновува и смирува иритираната, оштетена и реакивна кожа, идеална е за целото семејство (новороденчиња, деца и возрасни).

Оваа сертифицирана органска крема помага во обновување на површинските слоеви на епидермисот, благодарение на нашата ексклузивна состојка Alga-Sendatu® – патентиран природен екстракт од црвени алги од брегот на Баскија, кој го поттикнува повторното формирање на најгорните слоеви на кожата и ја зајакнува нејзината заштитна бариера.

CICA REPA кремата е наменета за сите помали кожни оштетувања, како што се:

кожни иритации,

црвенило,

осипи,

гребнатини,

нега по депилација,

површински изгореници (вклучително и изгореници од сонце).

Може да се користи и за нега по површни дерматолошки интервенции (како ласерски третмани, хемиски пилинзи, дермоабразија, тетоважа на веѓи и сл.), како и за кожа што е иритирана или сува поради одредени дерматолошки третмани.

Кремата е наменета за употреба на лице, тело и надворешни мукозни површини.
Се нанесува на суви, неексудативни (невлажни) лезии. Во случај на влажни лезии, се препорачува употреба на CICA  Лосион за обнова и регенерација на кожа – 40 мл. 

Текстура и мирис:
Обогатена со хидратантни состојки (органска алое вера и хијалуронска киселина) и хранливи состојки (органски растителни масла), оваа крема има биомиметичка формула со ефект на “втора кожа”, со немрсна и нелеплива текстура.
Формулирана без мириси и без алкохол, нејзината хипоалергена² формула е оптимизирана за максимална подносливост.

Кој може да ја користи?
Формулирана за сите типови кожа, вклучувајќи и реактивна кожа (на пр. склона кон егзема), оваа крема е погодна за целото семејство (новороденчиња, деца, возрасни), од раѓање, како и за бремени и доилки.

ПРОИЗВОДИТЕЛ/ИЗВОЗНИК: LABORATOIRES DE BIARRITZ 44 RUE LUIS MARIANO-64200,ФРАНЦИЈА
ЕКСКЛУЗИВЕН УВОЗНИК: КС ГРОУП ДОО, УЛ. НАРОДЕН ФРОНТ БР. 3/3, ЛОК.2, 1000 СКОПЈЕ

1. Протресете го шишето пред употреба

 

2. Нанесете 1 до 2 пати на ден на претходно исчистената иритирана површина

 

3. Може да се користи на кожа и надворешните мукозни мембрани

 

4. Избегнувајте го пределот околу очите

Aqua, Glycerin, Borago Officinalis Seed Oil *, Simmondsia Chinensis Seed Oil *, Squalane, Propanediol, Prunus Domestica Seed Oil *, C12-16 Alcohols, Pentylene Glycol, Gelidium Sesquipedale Extract, Aloe Barbadensis Leaf Juice Powder *, Ceramide NP, Sodium Hyaluronate, Palmitic Acid, Hydrogenated Lecithin, Triolein, Sodium Levulinate, Xanthan Gum, Tocopherol, Sodium Anisate, Citric Acid, Glyceryl Dioleate, Sodium Phytate

*состојки од органско земјоделство

100% од вкупниот број е од природно потекло

57,8% од вкупните состојки се од органско земјоделство

Листата на состојки е подложна на промени. Ви препорачуваме да ја проверите листата наведена на самата амбалажа на производот.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават рецензија.

Поврзани производи

Крема за обнова и регенерација на кожа – 40 мл.
805,00 ден