Holle Organic 3 Infant follow on Formula 3 with A2 milk Органска последователна формула
- Од 10 месеци
- Со витамин Ц и Д* кои придонесуваат за нормална фунцкија на имунолошкиот систем
- Со ДХА*2 која придонесува за нормален вид
- Со АЛА (омега-3 масна киселина) која придонесува за развој на мозокот и нервите
- Со А2 млечен протеин
*согласно регулаторните барања за сите последователни формули
Важна напомена: Мајчиното млеко претставува најдобра прехрана за Вашето бебе.
Holle A2 Organic Follow-on Formula 3 содржи специфична мешавина на протеин од сурутка и казеин. А2 млекото содржи А2 β-казеин протеин и се добива од специјални видови на крави.
Употреба
Соодветно за посебна нутритивна употреба од страна на малите деца од 10 месеци до навршена 3 годишна возраст како дел од разновидна исхрана.
Водич за подготовка:
- Ве молиме точно да ги следите инструкциите за подготовка. Со дозирање на точни количини ќе му овозможите на Вашето бебе секогаш да ги добие хранливите состојки кои му се потребни
- Секогаш користете ја приложената мерна лажичка
- Немојте да ги менувате препораките за дозирање, освен ако така не ве советувал Вашиот лекар. Несоодветната подготовка и чување може да бидат штетни за здравјето
- Секогаш подготвувајте свеж оброк. Не го користете остатокот од храна за следниот оброк
- Поради опасност од прегревање храната не смее да се загрева во микро печка
- Секогаш темелно измијте ги шишето и цуцлата
Подготовка
Зовријте ја потребната количина на вода и оставете ја да се излади на температура од околу 50˚C. Наполнете го шишенцето со околу половина од потребната вода. Наполнете ја мерната лажичка, поравмете со помош на нож и додадете ја потребната количина прашок на водата. Добро протресете. Додадете го остатокот на вода и повторно протресете. Оставете да се излади на температура од околу 37˚C пред употреба.
Стандардна подготовка:
13.2 г Holle A2 органско млеко 3 + 90 мл зовриена вода = 100 мл готова храна за пиење.
Пакет = околу 30 оброци од по 100 мл
Важна напомена:
- Мајчиното млеко претставува најприродна и најдобра прехрана за Вашето бебе. Производот може да се користи само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната. Последователните формули се специјално формулирани за посебна нутритивна употреба од страна на доенчињата после 6 месеци како дел од мешовитата исхрана и не смее да се користи во првите 6 месеци од животот како замена за мајчино млеко. Одлуката за прекинување на доењето пред 6 месечна возраст треба да биде со помош и по совет на стручни лица од областа на исхраната и зависи од степенот на индивидуалниот развој и потребите на Вашето бебе
- За да се заштитат забите од можна појава на кариес, не му го давајте шишето на бебето за смирување. Внимавајте на хигиената на устата на Вашето бебе посебно по појавата на првите запчиња
После отварање чувајте го пакувањето на суво место (не во фрижидер) и употребувајте го во тек на 3 недели. Пакувано во заштитена атмосфера.
Обезмастено А2 млеко*1, сурутка во прав* (делумно деминерализирана), растителни масла* (палмино масло*3, масло од семе од репка*, сончогледово масло*), малтодекстрин*, скроб*, калциум карбонат, калциум хлорид, масло од микроалгите Schizochytrium sp.2, Л-тирозин, витамин Ц, калциумови соли на ортофосфорна киселина, калиум цитрат, натриум хлорид, Л-триптофан, железо сулфат, цинк сулфат, магнезиум карбонат, ниацин, витамин Е, бакар сулфат, пантотенска киселина, витамин А, витамин Б6, манган сулфат, калиум јодит, витамин Б1, фолна киселина, витамин К, натриум селенит, витамин Д, биотин, витамин Б12.
*состојки од органско производство
1100 г прашок се направени од 182 мл обезмастено млеко
2содржи ДХА (Омега-3, согласно регулаторните барања за сите последователни формули)
ДХА придонесува за нормален развој на видот кај доенчињата на возраст до 12 месеци. Корисен ефект се постигнува со внес на 100 мг ДХА на ден.
3од одржливо земјоделство
ДХА во овој производ е од растително потекло (од алги добиени од рибино масло)
Нутритивни информации (на 100 мл готов производ): eнергетска вредност 280 кJ/67 kcal, масти 3.5 г (заситени 1 г, мононезаситени 1.9 г, полинезаситени 0.6 г, линолна 561 мг, алфа линоленска 56 мг, ДХА 14 мг), јаглени хидрати 7.5 г (шеќери 5.2 г, лактоза 5 г, скроб 0.8 г), белковини 1.4 г, витамин А 54.1 мкг, витамин Д 1.6 мкг/23%, витамин Е 1.2 мг, витамин К 6.5 мкг, витамин Ц 6.9 мг/15%, тиамин/витамин Б1 0.038 мг, рибофлавин / витамин Б2 0.13 мг, ниацин 0.36 мг, витамин Б6 0.037 мг, фолна киселина 10.8 мкг, фолати 18 мкг DFE, витамин Б12 0.11 мкг, биотин 1.7 мкг, пантотенска киселина 0.36 мг, калиум 86.2 мг, хлориди 51.3 мг, калциум 63.4 мг, фосфор 37.1 мг, магнезиум 5.28 мг, железо 0.58 мг, цинк 0.45 мг, бакар 0.055 мг, манган 0.0055 мг, флуориди <0.010 мг, селен 3.7 мкг, јод 13.2 мкг, натриум 25 мг.
% на дневни потреби според референти вредности.
Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.