Тел: 078 885 333

Органско растително кремасто кокосово млеко во конзерва – 400 мл.

170,00 ден

Нема на залиха

Urtekram органското кокосово млеко е Fairtrade сертифицирано и целосно без додадени адитиви. Има нежен вкус на кокос и кремаста текстура, што го прави одличен избор за збогатување на различни јадења.

Органски одгледаните кокоси се отвораат и пресуваат, а кокосовата пулпа се меша со вода за да се добие совршено кремаста конзистентност. На овој начин се добива природно кокосово млеко без непотребни додатоци.

Кокосовото млеко е неизоставен дел од азиската кујна и е одлично за подготовка на супи, кари, stir-fry јадења, сосови и други рецепти. Новото, практично пакување е во големина погодна за количината што најчесто се користи во рецептите, со што се намалува непотребното фрлање храна.

За полесна варијанта, едноставно разредете го со дополнителна количина вода. Чистото кокосово млеко може и да се замрзне.

 

– Вегански производ

– Амбалажа која не содржи БПА (Бисфенол А – индустриска хемикалија)

Протресете добро пред употреба. Користете го во супи, кари, stir-fry јадења, сосови, десерти и други рецепти. За полесна конзистентност, разредете со вода според желбата. По отворањето, чувајте го во фрижидер и употребете го во рокот наведен на пакувањето.

 

Состав: Екстракт од кокос* (60%), вода.

*= органско

 

Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 690 kJ/170 kcal

Масти: 17 g

од кои заситени: 16 g

Јаглехидрати: 1,7 g

од кои шеќери: 1,6 g

Протеини: 2 g

Сол: 0,01 g

Да се чува на собна температура. По отворањето чувајте го во фрижидер во херметички сад, максимум 4 дена.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават рецензија.

Поврзани производи

Органско растително кремасто кокосово млеко во конзерва – 400 мл.
170,00 ден