Тел: 078 885 333

Органски суплемент за нормална функција на уринарниот систем – 20 ампули по 15 мл.

1.525,00 ден

На залиха

Уринарниот систем има две улоги: да служи како резервоар за урината и да обезбеди нејзино исфрлање. Урината елиминира дел од токсините што ги ослободува нашето тело, па затоа е важно уринарниот тракт да функционира правилно.

Superdiet го нуди овој комплекс од 4 растенија со препознаени придобивки:

  • Медуниката и вресот помагаат при елиминација на водата преку бубрезите и придонесуваат за уринарен комфор.
  • Белиот јасен исто така помага во елиминација на водата преку бубрезите.
  • Брусницата додава освежувачки киселкаст вкус.

Дали знаевте?

Храната влијае на растот на бактериите. Одредени видови храна ја поттикнуваат нивната пролиферација:

  • Шеќери, во форма на додаден шеќер, но и шеќер во овошни сокови, колачиња, тестенини, алкохол…
  • Масни киселини, особено заситени (преработени, пржени производи итн.).

Затоа ограничете ја нивната консумација колку што е можно повеќе за да избегнете „хранење на бактериите“.

Употреба: една (1) до две (2) ампули на ден, наутро.

Предупредување: Производот не е наменет за деца и адолесценти до 18 години. Производот не се препорачува за бремени жени и за доилки. Да не се користи истовремено со антикоагуланси. При истовремена употреба на лекови, консултирајте се се Вашиот лекар. Производот не се препорачува за лица кои се алергични на деривати на салицилати. Консултирајте се со Вашиот лекар ако имате бубрежни каменчиња или дијабет. Да не се надминува препорачаната дневна доза суплементи. Препаратот не заменува оброк и не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да се чува на места недостапни за деца. Ампулите се наменети за пиење.

Состав:

Две (2) ампули ПДВ*
Брусница (Vaccinium macrocarpon) 3000 мг*** /
Медуника (Filipendula ulmaria)   600 мг** /
Врес (Calluna vulgaris)   600 мг** /
Бел јасен (Fraxinus excelsior)   600 мг** /
PAC1 (ProAnthoCyanidins) 45 мг *2

**еквивалент на суво растение
***еквивалент на свежо растение
1 проaнтоцијаниди
*2 просечна количина / титрирање на брусница (метод на Европска фармакопеа)

Состојки: воден екстракт од медуника*- цвет, врес*- цвет, бел јасен*- лист, концентриран сок од црвено грозје*(плод), сув екстракт од брусница* титриран во проaнтоцијаниди – плод.

*Состојки од органско производство.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе оставите рецензија за “Органски суплемент за нормална функција на уринарниот систем – 20 ампули по 15 мл.”
Органски суплемент за нормална функција на уринарниот систем – 20 ампули по 15 мл.
1.525,00 ден