Тел: 078 885 333

Органски суплемент за поддршка на имунолошкиот и респираторниот систем – 20 ампули по 10 мл.

1.475,00 ден

На залиха

Нова подобрена формула која комбинира органски растенија и пчелни производи:

  • Ехинацеа: 900 мг по ампула – Ехинацеата, членка на фамилијата Asteraceae и по форма слична на маргаритка, природно ги поддржува имунолошката одбрана и здравјето на респираторниот систем.
  • Бор: 150 мг по ампула – Северниот бор е висок четинар кој се среќава во северните региони и секоја пролет формира пупки на основата на иглите од претходната година.
  • Евкалиптус: 150 мг по ампула – Потекнува од Австралија, а на Запад е воведен во 19 век. Неговите синкаво‑сиви овални листови се богати со етерични масла.
  • Мед: 1000 мг по ампула – Медот, добиен од цветен нектар, има природно сладок и мек вкус благодарение на трудот на пчелите.
  • Прополис: 200 мг течен екстракт по ампула, еквивалентно на 30 mg суров прополис – Прополисот го користат пчелите за создавање заштитна бариера на ѕидовите на кошницата. Има благ мирис од ароматичните смоли што ги содржи.
  • Матичен млеч: 100 мг по ампула – Матичниот млеч е единствената храна на матицата, чиј животен век е 40 пати подолг од оној на работничките пчели.
  • Полен: 100 мг по ампула – Поленот го собираат пчелите од растенијата за своја исхрана.

\Во споредба со нашата претходна формула во ампули од 15 ml. \*Еквивалентно во суви растителни екстракти.

Дали знаевте? Популацијата на пчели е во остар пад поради повеќе фактори: губење на биодиверзитет, изложеност на пестициди, монокултурно земјоделство, болести и паразити. Superdiet соработува со BeeCity, организација која работи на зачувување на пчелите преку создавање биодиверзитетни засолништа во урбани средини, поставување кошници и организирање едукативни работилници.

Употреба: Производот е наменет за возрасни и адолесценти над 12 години. Се препорачува по една (1) ампула наутро и по една (1) ампула навечер, во тек на 10 ден, чиста или растворена во половина чаша вода. За одржување на состојбата земајте по една (1) ампула на ден во тек на 20 дена, во било кое време од денот, чиста или растворена во половина чаша вода. Талогот кој може да се појави на дното на ампулата е нормална појава. Добро протресете пред употреба.

Предупредување: Не се препорачува употреба на производот кај бремени жени, доилки и деца помали од 12 години. Производот не е наменет за лица со астма, атопична алергија, алергија на пчелни производи, на еукалиптус, на 1.8 еукалиптол или растенија од фамилијата Asteraceae. Да не се употребува при нарушена функција на имунолошкиот систем или при употреба на имуносупресиви. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Да се чува подалеку од дофат на деца.

Состојки 1 ампула 2 ампули
Ехинацеа (Echinacea purpurea) 900 мг** 1800 мг**
Бор (Pinus sylvestris) 150 мг** 300 мг**
Еукалиптус (Eucalyptus globulus) 150 мг** 300 мг**
Мед 1000 мг 2000 мг
Екстракт од прополис

еквивалент на чист прополис

200 мг

30 мг

400 мг

60 мг

Матичен млеч 100 мг 200 мг
Полен 100 мг 200 мг

**еквивалент на суво растение

Состојки: воден екстракт од сребрен бор* (пупка) и еукалиптус* (лист), мед*, концентриран сок од портокал*, хидроалкохолен течен екстракт од прополис*, сув екстракт од ехинацеа* (корен), матичен млеч*, полен*.

*состојки од органско производство

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе оставите рецензија за “Органски суплемент за поддршка на имунолошкиот и респираторниот систем – 20 ампули по 10 мл.”
Органски суплемент за поддршка на имунолошкиот и респираторниот систем – 20 ампули по 10 мл.
1.475,00 ден