Капиштец: 078 885 333 | Тел: 077 703 888

Органска мешавина за поддршка на цревната флора – 200 гр.

265,00 ден

Out of stock

Погрижи се за твојата цревна флора со Dragon Superfoods HAPPY GUT MIX!

✔ Органски

✔ Вегански

✔ Висока содржина на растителни влакна

Здравјето на целото тело е тесно поврзано со нормалната функција на дигестивниот систем, но стресот, нездравата исхрана и алкохолот секојдневно му наштетуваат. Dragon Superfoods Happy Gut Mix е специјално формулиран за поддршка на балансиран цревен микробиом. Има нежен вкус, а неговата внимателно избрана комбинација на состојки вклучува:

Земјена јаболка во прав, богата со инулин – природен пребиотик кој придонесува за здравјето на дебелото црево. Го поттикнува растот на бифидобактериите и го ограничува развојот на потенцијално штетни бактерии како Escherichia coli, Salmonella и Listeria.

🥕 Морков во прав, кој содржи висока количина на нерастворливи влакна. Тие го олеснуваат побрзото движење на храната низ дигестивниот тракт и помагаат во одржување на балансот на pH вредноста на цревната флора.

🌾 Безглутенско овесно брашно, кое содржи бета-глукан – состојка што го поддржува метаболизмот на гликозата по оброк и помага во намалување на нивото на холестерол во крвта.

🌿 Псилиум лушпи во прав, богати со растворливи влакна што впиваат вода од храната и формираат гелеста структура во цревата, што помага за подобро варење и подолготрајно чувство на ситост.

🍏 Јаболко во прав, со висока содржина на пектин – природен пребиотик кој ги храни корисните бактерии во дигестивниот тракт, овозможувајќи полесно варење и подобро празнење на дебелото црево.

Грижи се за твоето дигестивно здравје на природен начин со Dragon Superfoods Happy Gut Mix!

Препорачан внес: 2 лажици (~9g растителни влакна) дневно, додадени во 100-200 ml вода, смути или појадок.

Овој микс е одличен додаток во твоето дневно мени, но за да го почувствуваш неговото целосно позитивно дејство, потребно е да го комбинираш со балансирана исхрана. За ефикасно функционирање на цревниот тракт, препорачаниот дневен внес на растителни влакна е помеѓу 30g и 40g, во зависност од телесната тежина.

Состојки: земјена јаболка во прав* (22%), морков во прав*, безглутенско овесно брашно*, псилиум лушпи во прав* (Psyllium Husk) (15%), јаболко во прав*, јаболкови влакна* (10%), ѓумбир во прав*, црн пипер во прав*, куркума во прав*, ким во прав*.

*од органско земјоделство

Може да содржи траги од сусам, кикирики и јаткасти плодови.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават рецензија.

Органска мешавина за поддршка на цревната флора – 200 гр.
265,00 ден