Тел: 078 885 333

Тонгкат Али (Eurycoma longifolia) – екстракт во прав – 30 гр.

900,00 ден

На залиха

Баркод: 6882024112105 Шифра: 005899 Категории: Бренд:

Растението познато и како „Longjack“, е хербален лек кој со векови е дел од традиционалната медицина во Југоисточна Азија.
Eurycoma longifolia е висока зимзелена грмушка, која најчесто се среќава во Југоисточна Азија. Таа е заштитен вид, со историја на употреба како афродизијак.

Често се користи за лекување на различни заболувања, вклучувајќи треска, еректилна дисфункција и бактериски инфекции.

Студиите сугерираат дека Тонгкат али може да ја зајакне – да ја подобри плодноста кај мажите, нискиот тестостерон, да го ублажи стресот, да ја подобри цврстината на телото, да ги зајакне атлетските перформанси и мускулната маса.

Се користи во традиционалната медицина во Малезија, Индонезија, Виетнам и други азиски земји за лекување на маларија, инфекции, трески, машка неплодност и еректилна дисфункција.

Здравствените придобивки од Тонгкат али, веројатно произлегуваат од различни соединенија кои се наоѓаат во растението.

Поточно, Тонгкат али содржи флавоноиди, алкалоиди и други соединенија кои делуваат како антиоксиданти. Антиоксидансите се соединенија кои се борат против оштетувањето на клетките, предизвикани од молекулите наречени слободни радикали. Тие можат да му користат на вашето тело и на други начини.

Тонгкат али најчесто се користи од возрасни, во дози од 400 mg дневно, во период од 3 месеци.

Екстрактот во прав најлесно се размешува во топли напитоци, па можете да го конзумирате со вашиот чај, какао или други топли напитоци, меѓутоа можете да го додадете и на вашето смути.

Тонгкат Али (Eurycoma longifolia).

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават рецензија.

Тонгкат Али (Eurycoma longifolia) – екстракт во прав – 30 гр.
900,00 ден