Тел: 078 885 333

Thalasso ритуал за тело – како до мазна кожа, помалку целулит и подобрена еластичност

Во нега на телото, често се прави една грешка – се бара брзо решение со еден производ. Но вистината е дека кожата, особено кога станува збор за целулит и стрии, бара системски пристап. Токму тука влегува т.н. thalasso концепт – нега инспирирана од морето, која користи минерали, алги и активни состојки за да ја стимулира кожата и да ја врати нејзината виталност.

Комбинацијата од пилинг, термо и крио ефект, заедно со хидратантна и зацврстувачка крема, создава еден вид домашен третман кој работи на повеќе нивоа. Не само што ја подобрува текстурата на кожата, туку влијае и на циркулацијата, задржаната вода и еластичноста.

Првиот и најважен чекор во овој ритуал е пилингот. Без разлика дали станува збор за сув пилинг со минерали и витамин C или термо-активен пилинг со загревачки ефект, неговата улога е клучна. Со отстранување на мртвите клетки од површината, кожата станува помазна, но уште поважно – подготвена да ги апсорбира активните состојки од следните производи. Дополнително, самата масажа при нанесување го поттикнува протокот на крв, што директно влијае на подобрување на изгледот на целулитот.

Термо-активните пилинзи носат уште една предност. Благото загревање што го создаваат на кожата ја стимулира микроциркулацијата и помага активните состојки, како кофеинот и глината, да делуваат подлабоко. Ова не е само чувство на топлина – туку реален процес кој придонесува за подобар тонус и поцврста кожа.

По пилингот, следува крио третман – ладна маска за тело која создава освежувачки ефект и делува како контраст на загревањето. Овој „шок ефект“ (топло-ладно) е многу важен бидејќи го активира природниот одговор на кожата. Ладниот ефект помага во намалување на отокот, стимулира дренажа на вишок течности и дава чувство на затегнатост. Токму задржаната вода е еден од факторите што го прави целулитот повидлив, па затоа овој чекор има значајна улога.

Финалниот чекор во рутината е кремата за тело, која ја „заклучува“ целата нега. Формулите со алги се особено ценети во антицелулитните третмани, бидејќи придонесуваат за подобрување на еластичноста на кожата и нејзино затегнување. Со редовна употреба, кожата станува помека, похидрирана и визуелно порамна.

Кога станува збор за целулитот, важно е да се разбере дека тој не е само резултат на масни наслаги. Тоа е комплексна појава поврзана со циркулацијата, задржувањето течности и структурата на кожата. Затоа и пристапот треба да биде повеќеслоен – механичка стимулација преку пилинг, активни состојки кои делуваат на тонусот, и третмани кои ја подобруваат дренажата.

Она што е најважно е конзистентноста. Овој тип на ритуал дава најдобри резултати кога се практикува редовно, неколку пати неделно, додека кремата се користи секојдневно. Со време, кожата не само што изгледа подобро, туку и станува поотпорна и поздравa.

На крај, не станува збор само за „борба против целулит“, туку за создавање навика на нега која ја подобрува целокупната состојба на кожата. Кога ќе се комбинираат вистинските чекори и состојки, резултатот не е само визуелен – туку и чувство на поцврста, поенергична и негувана кожа.

Подетално за секој производ од ритуалот

Minerals Micro-Polish Dry Body Scrub е сув пилинг кој делува како нежно полирање на кожата. Благодарение на морските минерали, тој помага во обновување на површинскиот слој, додека витаминот C придонесува за посвеж и порамномерен изглед. Неговата текстура овозможува ефективно, но контролирано ексфолирање, што го прави одличен избор за подготовка на кожата пред било каков третман.

Clay Thermo-Active Hot Body Scrub нуди поинтензивно искуство преку својот загревачки ефект. Формулата со глина и кофеин ја стимулира циркулацијата и помага во подобрување на тонусот на кожата. Овој тип на пилинг е особено корисен за делови каде што целулитот е поизразен, бидејќи комбинира механичка ексфолијација со активна стимулација.

Mud Cryo-Effect Icy Body Mask е клучниот чекор за освежување и дренажа. Нејзиниот ладен ефект ја смирува кожата по пилингот, но истовремено поттикнува микроциркулација и намалување на задржаните течности. Овој контрастен пристап (топло па ладно) е многу ефикасен кога станува збор за подобрување на изгледот на целулитот.

Algae Ultra-Slim Body Cream ја заокружува рутината со својата хидратантна и зацврстувачка формула. Алгите, како главна состојка, се познати по нивната способност да ја подобрат еластичноста и да ја одржат кожата мазна и негувана. Со редовна употреба, кожата изгледа поцврста, а нерамнините стануваат помалку видливи.