fbpx
bg_image

BALANCE / КРЕМА ЗА ЛИЦЕ ЗА КОМБИНИРАНА И МРСНА КОЖА

Оваа крема е наменета за кожа која се соочува со:
– лоша текстура
– појава на акни
– флеки
– појава на црнки и белки/милиа
– прекумерно мастење (на Т- зона)

Таа во својот состав содржи:
1. Млечна киселина
– отстранува мртви клетки од површината на кожата
– стимулира создавање на нови и здрави клетки
Таа е одговорна за измазнување на кожата со што ќе го поддржи дејството на гликолната киселина, но од друга страна млечната киселина е таа која што ќе делува на евентуално присуство на флеки од акни, но и флеки предизвикани од сончево оштетување. 

2. Хиалуронска киселина
– задржува колаген
– зголемува влажност
– обезбедува еластичност и флексибилност на ткивото и кожата
Таа е суштински и составен дел од структурата на кожата која ја дава хидратацијата, еластичноста и тонусот на кожата. Таа има способност да ја врзува водата и да ја чува во длабоките слоеви на кожата. Затоа, улогата на хиалуронска киселина е од суштинско значење за одржување на кожата.

3. Екстракт од цвет од лотус 
– ја смирува иритираната кожа со деактивирање на воспалителните реакции предизвикани од различни фактори
– ја враќа хидратацијата на кожата со зголемување на нивото на NMF (природни навлажнувачки фактори) во бариерата на кожата, кои ја привлекуваат и задржуваат водата
– ја зајакнува кожата со оптимизирање на липидниот матрикс кој ги држи сите клетки заедно.

SUPREME / ХРАНЛИВА КРЕМА ЗА ЛИЦЕ ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ 

Оваа крема е наменета за кожа со:
– фини линии и брчки
– дупчиња на лице
– опаднат тонус и еластицитет

Таа во својот состав содржи:
1. Ферулинска киселина
Ферулинската киселина позната и како хидроксицинамична киселина е моќен растителен антиоксиданс кој ја подобрува текстурата на кожата. Таа ја штити кожата од оштетување предизвикано од слободните радикали, што се смета за еден од најважните катализатори за стареење. Тие предизвикуваат предвремени брчки, хиперпигментација и губење на цврстината на кожата. Со децении феруличната киселина се користи во спортската исхрана за зајакнување на мускулното ткиво, но неодамна стана и главна компонента против стареење во модерната козметологија.

2. Хиалуронска киселина
Хиалуронската киселина во комбинација со ферулинската киселина ќе ги смири “траумите” кои ги доживуваат нашите клетки под дејство на надворешни и внатрешни фактори. Со ова ќе се постигне подобрена хидратација на кожата и намалена реакција на штетните надворешни фактори, со најамалување на појавата на брчки поради дехидратација.

3. Масло од баобаб
Ова масло е богато со антиоксиданси, но исто така содржи и повеќе витамин Ц витамин од било кое друго растение. Ова во комбинација со Омега 3, 6 и 9 кои исто така ги содржи баобабот го прави ова масло значајно за поттикнување на производство на колаген и намалување на појавата на флеки. 

UNIVERSAL / КРЕМА ЗА ЛИЦЕ ЗА СИТЕ ТИПОВИ НА КОЖА 

Оваа крема е наменета за:
– сите типови на кожа
– кожа која има оштетена заштитна бариера
– кожа на која и е потребна хидратација и има брчки кои се резултат на дехидратација
– кожа која се перути или прекумерно се масти (нарушен вода : масло баланс)

Таа во својот состав содржи:
1. Хиалуронска киселина
Хиалуронската киселина обезбедува побрзо заздравување и регенерација на кожата. Причината за ова е можноста на хиалуронска киселина да ја врзува водата сама по себе и со тоа да ја одржува кожата „затегната“, хидрирана и млада со природен сјај. Сите ние сме родени со високо ниво на хиалуронска киселина, која се намалува во текот на животот. Со примена на оваа крема ќе дојде до: подобрување на хидратација, подобрување на еластичност на кожата, намалено формирање на брчки на кожата околу очите и устата. Првите знаци на дехидратација и стареење на кожата кај жените почнуваат да се забележуваат околу 25 годишна возраст.

2. Алое вера
Во оваа крема алое вера е застапено во голема концентрација, а тоа ќе допринесе кожата побрзо да се регенерира и побрзо да заздравуваат рани од различен тип (акни, егзема, псоријаза).

3. Шеа путер
Шеа путерот е основа во кремите кои се концентирани со добри масти, кои пак се дел од natural moisturizing factor (NMF) на кожата и кои дополнително ќе балансираат ниво на масти и ќе привлечат вода во кожата од околната средина. Тоа ќе резултира со хидрирана, регенерирана и здрава кожа.

4. Маракујата и кокосовото масло пак, заедно делуваат хидратантно и пред се, антибактериски. На тој начин се уништуваат лошите бактерии и воедно се уништуваат габите над кожата, како и останатите патогени кои може да ја инфицираат присутната рана после акни.

Објави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена.