
Негата на лице е многу повеќе од само еден чекор во секојдневната рутина – тоа е важен аспект на нашето здравје, а со сè повеќе достапни иновативни производи, изборот може да биде предизвик. Кожата на лицето е најизложена на надворешни фактори како сонце, загадување и климатски промени, што може да влијае на нејзиниот изглед и состојба. Затоа, ефикасната и редовна нега е клучна за одржување на кожата здрава, еластична и сјајна.
Ова се маслените чистачи кои беа најпродавани во 2024та година и зошто треба да ги вклучите во вашата ноќна рутина:

1. Чистач со 5 омега масни киселини од брендот Novexpert
Овоје еден од најпознатите и најценети маслени чистачи на пазарот, кој ефикасно отстранува шминка и нечистотии, истовремено хидрирајќи и негувајќи ја кожата. Овој производ е идеален за сите типови на кожа, но особено за чувствителна и сува, нудејќи длабинско чистење без нарушување на природната заштитна бариера.
Што го прави овој чистач посебен?
- Омега масни киселини (Омега-3, -5, -6, -7 и -9): познати по своите антивоспалителни и хидрирачки својства, тие ја обновуваат природната бариера на кожата и ја прават помекa и поеластична.
- Растителни масла (маслиново масло и масло од авокадо): длабински ја хидрираат и омекнуваат кожата, додека истовремено ги отстрануваат нечистотиите.
- Растителни екстракти: имаат смирувачко дејство, особено кај чувствителната кожа која често реагира на агресивни формули.
Начин на користење?
- Нанесете на сува кожа: Нанесете малку од маслениот чистач на сува кожа, масирајте го нежно по лицето и околу очите, за да ја растопите шминката и нечистотиите.
- Додадете вода: Кога ќе додадете вода, маслото ќе се претвори во кремаста текстура која лесно се измива, оставајќи ја кожата чиста и мека.
- Исплакнете со топла вода: Исплакнете го лицето со топла вода и нежно избришете го со крпа. Вашето лице ќе биде темелно чисто, хидрирано и освежено.
2. Флуид со протеини од брендот True Alchemy
Флуидите од True Alchemy се познати по тоа што иако по состав се водени чистачи, по конзистенција се користат како маслени. Маслените чистачи стануваат сè попопуларни благодарение на нивната способност да ја отстранат шминката, нечистотиите и вишокот на себум, а истовремено да ја задржат природната влажност на кожата. Еден од најпознатите и најпродаваните производи кои ја одбележаа оваа година и резултираа за успешни резултати од рутините е овој чистач кој е совршен за сите типови на кожа, вклучувајќи ја и чувствителната и сува кожа – поради својата нежна и хидратантна формула.
Клучни состојки:
- Протеини од пченица и соја: одговорни за подобрувањето на структурата на кожата, помагаат во одржувањето на нејзината еластичност и хидратација, и ја прават кожата посилна и поотпорна на надворешни агресори.
- Растителни масла (маслиново масло, масло од авокадо): длабински ја хидрираат и не ја нарушуваат природната бариера на кожата, правејќи ја мекa и свиленкаста по употребата.
- Екстракт од камилица: позната по своите смирувачки и антивоспалителни својства – особено погодна за кожата која е подложна на иритации.
Како да се користи?
- Нанесете на сува кожа: На сува кожа, нанесете малку од маслениот чистач и нежно масирајте. Овој чекор ќе помогне да се растопат шминката, нечистотиите и вишокот себум.
- Додадете вода: Додадете малку топла вода и продолжете со масажата. Маслото ќе се претвори во нежна емулзија која полесно ќе се измие.
- Измијте со топла вода: Измијте лице со топла вода и нежно избришете со крпа. Кожата ќе остане чиста, мека и хидрирана.
3. Флуид со каламин и аргинин од брендот True Alchemy
Овој чистач е еден од производите кој е омилен помеѓу клиентите. По состав воден, а по конзистенција маслен чистач тој е дизајниран за длабинско чистење, но и за нега на чувствителна и проблематична кожа. Овој производ комбинира моќни состојки како каламин и аргинин за да обезбеди не само темелно чистење, туку и смирување и обновување на кожата. Чистачите како овој се сè попопуларни бидејќи не само што ги отстрануваат нечистотиите и шминката, туку и ја зачувуваат хидратацијата и го подобруваат изгледот на кожата.
Клучни состојки:
- Calamine (каламин): минерален екстракт познат по своите смирувачки својства, кој помага да се намалат воспаленијата, црвенилото и иритациите. Тој исто така спречува понатамошно оштетување.
- Arginine (аргинин): аминокиселина клучна за обновата на кожата – ја подобрува нејзината заштитна функција, хидратацијата, отпорност на оштетување и дехидратација, истовремено стимулирајќи обновување на клетките.
- Растителни масла: ја хидрираат кожата додека ги отстрануваат нечистотиите и шминката.
Како се користат флуидите на True Alchemy?
- Нанесете на сува кожа: Нанесете мала количина од маслениот чистач на сува кожа и нежно масирајте со кружни движења. Овој процес ќе помогне да се растопат шминката, нечистотиите и вишокот себум.
- Додадете вода: Откако ќе масирате, додадете малку вода и продолжете со нежна масажа. Маслото ќе се претвори во емулзија, која лесно се измива и ја остава кожата чиста и мека.
- Измијте со топла вода: Измијте го лицето со топла вода и внимателно избришете со крпа. Кожата ќе биде чиста, смирена и хидрирана.
За ноќната рутина да биде комплетна и лицето да биде исчитено од сите нечистотии, како втор чекор во неа се препорачува употреба на воден чистач (секако истиот можете да го користите и во дневната рутина како прв и единствен чекор (тука може смајле).
Овие водени чистачи ги освоија срцата на нашите клиенти во 2024та година:
1.Оксигенирачка пена од брендот Eau Thermale Jonzak
Оваа пена е позната по својата лесна и ефективна формула, специјално дизајнирана за чувствителна кожа. Пената длабински чисти без да ја иритира и суши кожата, а истовремено ја освежува, обновува и подготвува за следните чекори во вашата рутина.
Клучни состојки:
- Кислородни молекули: помагаат во подобрување на циркулацијата на кислород – резултирајќи со побрзо обновување и збогатување на клетките, осветлување и освежување на кожата.
- Природни екстракти и минерали: имаат смирувачко и антивоспалително дејство – особено важно за чувствителна кожа.
- Глицерин: познат по своите хидратантни својства, глицеринот помага да се задржи влажноста во кожата и ја прави помека и поеластична.
Начин на користење?
- Нанесете на влажно лице: Нанесете мала количина од пената на влажно лице, нежно масирајќи со кружни движења. Пена ќе се трансформира во меко чистење кое лесно ќе ја отстрани шминката, нечистотиите и вишокот себум.
- Додајте вода: За да го активирате кислородниот ефект, додадете малку вода и продолжете со нежна масажа.
- Измијте со топла вода: Измијте го лицето со топла вода и внимателно избришете со крпа. Вашето лице ќе биде чисто, освежено и хидрирано.
2. Гел за миење лице од брендот Eau Thermale Jonzak
Овој чистач има иновативна формула дизајнирана да ги задоволи потребите на сите типови на кожа, вклучувајќи ја и сензитивната и сувата кожа. Тој ефикасно го чисти лицето, овозможува интензивна хидратација, ја зајакнува заштитната бариера на кожата и смирува воспаленија.
Клучни состојки:
- Минерална вода од пределот Jonzak: богата со микроелементи, има смирувачко и освежувачко дејство кај кожата. Таа ја поддржува обновата на кожата и помага да се задржи влажноста во неа.
- Глицерин: хидратантна состојка која помага да се задржи влажноста во кожата, правејќи ја мека, еластична и хидрирана.
Начин на користење
- Чистење на лицето: Нанесете мала количина од гелот на влажно лице.
- Масирање со кружни движења: Нежно масирајте го гелот по лицето со кружни движења, особено фокусирајќи се на зоните каде има нечистотии или шминка.
- Додавање вода: За да ја активирате пената, додадете малку вода и продолжете со масажа.
- Исплакнете со вода: Исплакнете го лицето со топла вода и внимателно избришете го со крпа. Вашето лице ќе биде чисто, хидрирано и освежено.