
Одредувањето на типот на кожа е навидум лесно, но всушност тоа некогаш претставува вистинска невозможна мисија!
Сите ги знаеме типовите на кожа и сметаме дека можеме лесно да ги препознаеме, но надворешните влијанија на кои сме постојано изложени (сонце, ветер, загаденост и сл.), понекогаш даваат лажна слика за тоа каква всушност е нашата кожа.
Дополнително, презаситени сме со различни информации на оваа тема кои не советуваат што треба, а што не треба да користи еден тип на кожа, па обидувајќи се да ја “откриеме” вистината некогаш целосно исклучуваме состојки и типови на производи кои можеби сепак би биле вистинските за нас.
Bellina реши да ви помогне и за помалку од 30тина минути да ви ги даде сите потребни информации за типот на вашата кожа, проблематиките со кои таа се справува и производите кои ќе бидат најсоодветни за нејзините потреби.
Се прашувате како е ова возможно?! Ви го претставуваме нашиот специјализиран апарат за дијагностика на кожа ASM Aram Huvis.
Овој апарат користи напредна технологија која ќе ви помогне да откриете:
- Ниво на влажност и еластицитет – одредува дали вашата кожа потпаѓа во категоријата на хидрирана или дехидрирана кожа
- Ниво на себум во У и Т зона – одредува во кој тип потпаѓа вашата кожа
- Видливост и чистота на пори – одредува дали ви е потребна употреба на активни состојки за намалување на видливоста и прочистување на порите
- Ниво на меланин – одредува дали во рутината треба да вклучите третман за хиперпигментации
- Присуство на брчки – ви помага да одлучите дали е време да започнете со користење на производи за третирање на мимички и старосни брчки
- Сензитивност – ви дава до знаење кога е време да започнете со понежен третман на вашето лице и исклучување на активни состојки кои дотогаш сте ги користеле, а можеби ја зголемувале сензитивноста на кожата
Се што треба вие да направите е да го закажете вашиот бесплатен термин преку нашиот сајт, профили на Facebook или Instagram, или пак на нашите телефонски броеви и да не посетите на нашата физичка локација во Настел – Тафталиџе.
Дозволете ни да ви помогнеме да ја разрешите вечната мистерија!