bg_image

Шампон за регенерација на оштетена коса од арган – 280 мл.

430,00 ден

РЕГЕНЕРАЦИЈА • ОМЕКНУВАЊЕ
МАСЛО ОД АРГАН • КОЊСКА ДЕТЕЛИНА • МАЈЧИНА ДУШИЦА

In stock

Баркод: 4743318100920 Шифра: 000396 Категории: 3 , ,

Овој сертифициран органски шампон е наменет да го нахрани влакното со витамини и да ѝ овозможи на косата интензивна нега. Без проблем отстранува од косата нечистотии, вишок на себум и остатоци од лакови или восоци за коса, без притоа да го дехидрира скалпот. Органското масло од арган, пенетрира длабоко во структурата на влакното, го омекнува и хидрира и со тоа го спречува кинењето и расцветувањето на косата. Органскиот екстракт од мајчина душица го зајакнува коренот на влакното, давајќи му мекост и сјај. Екстрактот од коњска детелина (бела комунига), го смирува иритираниот скалп и ги отстранува бактериите и габите, кои се предизвикувачи на првут.

 

РЕЗУЛТАТ: 95% регенерирана коса (базирано на истражување и оценка на 30 жени, каде 95% го имаат потврдено резултатот).

 

Нанесете на косата и нежно масирајте. Оставете го да делува 2-3 минути, потоа исплакнете.

aqua, melilotus albus flower/leaf/stem extract*, sodium coco-sulfate, decyl glucoside,cocamidopropyl betaine, sodium chloride, argania spinosa kernel oil*, sapindus trifoliatus fruit extract, thymus serpillum oil, guar hydroxypropyltrimonium chloride, benzyl alcohol, sodium benzoate, potassium sorbate, citricacid, parfum, limonenes, linalool.

10% состојки од органско потекло
97.8% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Шампон за регенерација на оштетена коса од арган – 280 мл.
430,00 ден