Внесете го кодот Akcija30 во вашата кошничка и добијте 30% попуст на селектираните производи од категоријата Акција! ❤️

Капиштец: 078 885 333 | Тел: 077 703 888

Внесете го кодот Akcija30 во вашата кошничка и добијте 30% попуст на селектираните производи од категоријата Акција! ❤️

bg_image

Без разлика дали сте веган, вегетаријанец, фитнес ентузијаст или едноставно сакате да го намалите консумирањето месо, протеинскиот прав од растително потекло е фантастичен начин да се осигурате дека ги добивате потребните протеини за да го храните своето тело, поддржите растот на мускулите и го одржувате имунитетот.

Во последниве години, растителните протеини стануваат сè попопуларни, поттикнати од зголемената свест за здравствените придобивки, а со растот на популарноста расте и изборот. Сепак со избирање на производи со висок квалитет и чисти органски состојки, можете да уживате во придобивките од протеините додека го храните вашето тело со добрата од растенијата.

Протеинските прашоци на Dragon Superfoods се вистинскиот избор. Сертифицирани органски, без ГМО, со чиста етикета и краток список на состојки. Немаат вештачки засладувачи, конзерванси и адитиви  и како такви се издвојуваат од другите прашоци кои се полни со пестициди и синтетички хемикалии. Тие се комплетни протеини кои ги содржат сите 9 есенцијални аминокиселини кои се клучни за регенерација на мускулите. Погодни се за мешање доколку сакате подобар вкус или побогат состав или едноставно можете да изберете некои од веќе готовите протеински миксови со или без вкус.

Уште една предност на овие протеини е што тие полесно се дигестираат и не оставаат можност за проблеми со дигестијата, како што се надуеност и гасови. Лесно се инкорпорираат во различни диети (на пример, веганска, палео, без глутен) без да се компромитираат нутритивните цели. Не предизвикуваат реактивност на кожата а со тоа и го намалуваат ризикот од појава на акни.

Со протеините на Dragon Superfoods добивате повеќе природни состојки во секоја лажица, а многуте додадени здравствени придобивки ги прават вредни за инвестицијата.

Што е протеински прав од растително потекло?

Протеинскиот прав од растително потекло е направен од органски раститенија и семки богати со протеини, кои се обработуваат без хемикалии за да создаде прав кој лесно може да се измеша во смути, шејкови или печива.

Некои од најпопуларните извори на протеини од растително потекло:

  • Протеин од грашок: Добиен од грашок, овој вегански протеин е богат со сите есенцијални амино киселини, особено аргинин. Тој е лесен за варење и хипоалергичен, што го прави идеален избор за лица со чувствителност на храна.
  • Протеин од коноп: Семките на конопот се одличен извор на растителен протеин и содржат здрави масти, омега-3 масни киселини и влакна. Протеинот од коноп ги има сите девет есенцијални амино киселини, што го прави комплетен протеин.
  • Протеин од семки на тиква: Направен од сурови семки од тиква, овој протеин е богат со магнезиум, цинк и железо, што го прави одличен избор за оние кои имаат потреба од дополнителен внес на овие минерали.
  • Протеин од ориз: Протеинот од ориз е висококвалитетен протеин кој се произведува со отстранување на протеинот од целото жито, а потоа се изолира и преработува во ситен прав.  Овој метод користи ензими за разградување на јаглехидратите и мастите во оризот, што резултира со концентриран протеински прав без алергени супстанции како што се млечни производи и соја. Често се фаворизира заради благиот вкус.
  • Протеин од чиа семе: Богат со протеини, ги содржи сите 9 есенцијални амино киселини а исто така богат е со диетални влакна што го прави овој прав одличен додаток во смути пред или после тренинг. Содржи високи нивоа на витамини особено Б1, Б3 и биотин (Б7), кои се есенцијални витамини во конверзијата на макронутриенти во гориво за напојување на клетките на вашето тело.
  • Протеин од бадем: Добиен од висококвалитетни органски бадеми, богат со есенцијални амино киселини, витамини и минерали со фина текстура и благ вкус го прават разновиден и привлечен за различни намени.
  • Протеински микс: Добиени со мешање на одбрани органски протеински прашоци со цел да се добие комплетен протеин богат со витамини и минерали и сите есенцијални аминокиселини потребни на организмот. Овие прашоци може да се најдат и со додадени природни засладувачи и различни вкусови за максимално уживање при конзумирањето.

Зошто да ги одберете протеинските прашоци на Dragonsuperfoods

  • Поддршка на растот и регенерацијата на мускулите: Протеините се клучни за поправка и раст на мускулите, особено по интензивни тренинзи. Протеинските прашоци од растително потекло обезбедуваат биорасположив извор на амино киселини за да помогнат во забрзување на регенерацијата и одржување на мускулната маса.
  • Дигестија: Органските растителни протеински прашоци се полесни за варење отколку нивните изведби од сурутка или казеин.
  • Еколошки избор за поздрава планета: Протеините од растително потекло се значително поеколошки од животинските протеини. Одгледувањето на растенија за употреба на протеини обично бара помалку ресурси, како што се вода и земјиште, и произведува пониски емисии на јаглерод. Избирајќи растителен протеин, правите избор што поддржува поздрава планета.
  • Богати со влакна и нутритивни состојки: Растителни протеини се богати со влакна, што помага за подобрување на дигестијата и регулирање на нивото на шеќер во крвта. За разлика од протеините од животинско потекло тие го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, дијабет и канцер.
  • Без алергени: За разлика од сурутката, која може да предизвика алергиски реакции кај лицата со алергија на млеко, растителните протеини се генерално без воообичаените алергени како што се млеко, глутен и јајца.

Кога и како да го користите протеинскиот прав:

  • Шејк пред и по тренинг: Измешајте го вашиот протеински прав со вода, растително млеко или овошје за освежувачки шејк за регенерација.
  • Смути: Додадете протеински прав во смути за дополнителен протеински внес и вкус.
  • Печива: Можете да го вклучите протеинскиот прав во мафини, палачинки, колачи и други печива за вкусен протеински оброк.
  • Овесна каша: Измешајте протеински прав во вашата утринска овесна каша за да започнете со солидна протеински основа на денот.

На следниот линк можете да ги погледнете сите додатоци во исхрана наменети за спортисти и фитнес ентузијасти.

Објави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена.