Тел: 078 885 333

Органска пијадина од спелта и овес – 6х40 гр.

390,00 ден

На залиха

Органската пијадина од спелта и овес од Terrasana е традиционално италијанско тенко лепче, односно врап, направена од комбинација на брашно од спелта и овес. Има пријатен, богат вкус и мека текстура, а благодарение на брзата подготовка претставува практичен избор за вкусен и брз оброк.

Пијадината е веганска и не содржи квасец, додаден шеќер или додадена сол. Направена е од внимателно избрани органски состојки и е одлична алтернатива на класичниот леб или тортиљите. Содржи пченичен глутен, па не е погодна за лица кои избегнуваат глутен.

Загрејте ја кратко во тава од двете страни, а потоа наполнете ја со омилениот зеленчук, хумус, намази, тофу или други состојки по желба. Одлична е за подготовка на брз ручек, wrap или лесна вечера, а може да се користи и како основа за различни топли и ладни комбинации.

По отворањето, чувајте ги пиадините добро затворени во фрижидер и употребете ги во рок од најмногу 3 дена. Пред употреба, кратко загрејте ја пијадината за да стане повторно мека и еластична.

СОСТОЈКИ:

брашно од спелта* 45,5%, овесно брашно* 25,5%, вода, сончогледово масло*, морска сол, протеин од грашок*, компиров скроб*, пченичен глутен*, згуснувач: гуар гума*

* = Органско

 

НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ (100 g)

Енергија: 1470 kJ / 350 kcal

Масти: 10,1 g

од кои заситени: 0,7 g

Јаглехидрати: 50 g

од кои шеќери: 2,9 g

Диетални влакна: 5,9 g

Протеини: 11,6 g

Сол: 2,2 g

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават рецензија.

Органска пијадина од спелта и овес – 6х40 гр.
390,00 ден