Органскиот леб од пченица со бадеми и овошје од Terrasana е густ и заситувачки леб направен од пченица, суво грозје, бадеми и урми. Зрната пченица се оставаат да изртат 2–3 дена, потоа се мелат и се печат на ниска температура од 110–130°C, без употреба на квасец или кисело тесто.
Благодарение на едноставниот состав и процесот на ртење, лебот има компактна и густа текстура и природно сладок вкус од сувото грозје и урмите, со пријатна јаткаста нота од бадемите. Тој е вегански, без квасец и глутен, без додаден шеќер и без додадена сол.
Највкусен е кога кратко ќе се потпечe во тостер. Одлично се комбинира со таан, путер од јатки или путер од кикирики со јаворов сируп, но може да се послужи и со омилените намази или свежо овошје.

Рецензии
Сеуште нема рецензии.