Тел: 078 885 333

Органски путер од бадем – 250 гр.

730,00 ден

На залиха

Органскиот путер од бадеми од Terrasana е направен од 100% органски печени бадеми со лушпа. Има карактеристичен мирис и богат, интензивен вкус на печени бадеми, а неговата кремаста текстура го прави одличен за секојдневна употреба. Производот се подготвува во мал погон во Холандија, со внимателно избрани бадеми.

Благодарение на едноставниот состав, путерот е природен извор на растителни протеини и богат со растителни влакна. Не содржи додаден шеќер или сол,  вегански и без глутен и квасец, што го прави практичен избор за разновидна исхрана.

Одличен е како намаз на леб, тост или крекери, но може да се додава и во овесни каши, смути и домашни десерти. Може да се користи и како основа за подготовка на домашно бадемово млеко, сосови и преливи, како и во различни рецепти за печење.

По отворањето, чувајте го добро затворен на суво и темно место, на собна температура до 20°C. Можно е природно да се одвои тенок слој масло на површината, што е сосема нормално за производ без стабилизатори – доволно е само добро да го промешате пред употреба.

СОСТОЈКИ:

100% органски бадеми со лушпа*.

* = Органско

 

НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ (100 g)

Енергија: 2622 kJ / 634 kcal

Масти: 53 g

од кои заситени: 4,5 g

Јаглехидрати: 12 g

од кои шеќери: 3,5 g

Диетални влакна: 8,5 g

Протеини: 23 g

Сол: 0,07 g

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават рецензија.

Органски путер од бадем – 250 гр.
730,00 ден