Овој сертифициран органски шампон е наменет да ѝ даде на Вашата коса „тропска хидратација“. Составен од органско масло од кокос и индиски сапунски орев, специјално е дозиран да ја хидрира косата и да ѝ го врати природниот сјај. Без проблем отстранува од косата нечистотии, вишок на себум и остатоци од лакови или восоци за коса, без притоа да го дехидрира скалпот. Органското кокосово масло од Сејшелите, освен интензивната хидратација, го прави влакното помеко, поеластично и пофлексибилно, а има и природен заштитен фактор од сончевите зраци. Водата од цвет од портокал ја прави косата сјајна и ѝ дава прекрасен цветен мирис. Екстрактот од коњска детелина (бела комунига), го смирува иритираниот скалп и ги отстранува бактериите и габите, кои се предизвикувачи на првут.
РЕЗУЛТАТ: 88% помека коса (базирано на истражување и оценка на 30 жени, каде 88% го имаат потврдено резултатот).
Reviews
There are no reviews yet.