Овој сертифициран органски шампон е наменет да ѝ даде на Вашата коса чистота и сјај. Составен од органско масло од макадамиа и индиски сапунски орев, специјално е дозиран да ја направи косата мека и свиленкаста од коренот па сѐ до врвовите. Без проблем отстранува од косата нечистотии, вишок на себум и остатоци од лакови или восоци за коса, без притоа да го дехидрира скалпот. Органскиот бел лотос совршено ја хидрира косата и го зајакнува влакното. Органската папаја ја храни косата и ги спречува штетните надворешни влијанија врз косата. Екстрактот од коњска детелина (бела комунига), го смирува иритираниот скалп и ги отстранува бактериите и габите, кои се предизвикувачи на првут.
РЕЗУЛТАТ: 98% посјајна и помека коса (базирано на истражување и оценка на 30 жени, каде 98% го имаат потврдено резултатот).
Reviews
There are no reviews yet.