Капиштец: 078 885 333 | Тел: 077 703 888

Пенлив гел за чистење на лице со три видови на цинк против акни – 150 мл.

1.040,00 ден

ЧИСТЕЊЕ • ПРОТИВ АКНИ И ФЛЕКИ
ТРИ ВИДА НА ЦИНК • БАКАР • ЕКСТРАКТ ОД ИРСКИ МОВ

In stock

Баркод: 3661467002173 | 3661467000544 Шифра: 000836 Категории: 3 , , Tag:4 , , , Бренд:

Парадокс: колку понежен, толку поефикасен!

Дали може еден anti-pollution чистач вистински да делува како третман против акни и флеки? Клинички студии имаат прикажано неспорни докази во корист на нашиот пенлив гел.

– 98.8% од нечистотиите од загадувањето се елиминирани*
– 30% намалување на недостатоците по 28 дена…**

– единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
– производи формулирани од доктори
– погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
– произведени во Франција
– вегански производи

ПРИКАЗНАТА ЗА CLEAR SKIN FOAMING GEL

На почеток се чинеше невозможно…сепак, дерматолозите веќе долго време го бараат тоа. Ефикасен, прочистувачки и пенлив гел, кој потполно го зачувува хидролипидниот слој:

– Чистач против недостатоци, а кој истовремено е неиритантен.
– Прочистувачки чистач, кој не е каустичен.
– Матирачки чистач, кој не предизвикува пресушување на кожата.

Како овој парадокс помеѓу ефикасноста и толеранцијата може да биде решен? Пенливиот гел е сосема нов вид на чистач: вистински гел составен од ултра-нежен пенлив агенс (кокос и шеќер), чија улога е да чисти, а не да третира.

А што третира тогаш? Формулата е збогатена со моќни но неиритантни активни состојки, кои не ја пресушуваат кожата.

Бројка – 3

Помножете по 3! Нашиот ултра-нежен пенлив агенс, кој го користиме како состојка е „само“…3 пати поскап од веќе познатите еквивалентни состојки, кои најчесто се користат во козметичката индустрија кај ваков тип на производи.

РЕЗУЛТАТИ:

НАМАЛУВАЊЕ НА НЕДОСТАТОЦИ**

Недостатоците се намалени за 30% по 28 дена употреба, двапати дневно.

НАМАЛЕНА ГОЛЕМИНА НА ПОРИ**

Големината на порите е намалена за 22% по 28 дена употреба, двапати дневно.

НАМАЛЕН СЈАЈ**

Сјајот е намален за 30% по 28 дена употреба, двапати дневно.

*Тестот е спроведен од независна лабораторија. Анализа на слики (број на темни пиксели детектирани пред и по чистењето) – една употреба на производот.
**Клинички тестови спроведени од независна лабораторија. Тестирано на 22 волонтери – Клинички оценки – Резултати по 28 дена дена употреба – 2 употреби дневно.

Поврзани производи

Пенлив гел за чистење на лице со три видови на цинк против акни – 150 мл.
1.040,00 ден
Претходно видени производи