Овој флуид ја смирува кожата и ја обезбедува хидратацијата која и е потребна по изложување на сонце: чувството на пецкање и горење исчезнува, кожата е смирена и омекната. Благодарение на присуството на Alga-Gorria® – моќен антиоксидант, овој флуид продолжува да ја штити кожата од дејството на слободните радикали, дури и по изложување на сонце.
Важно е да се грижите за вашата кожа по изложување на сонце. Навистина, штетните ефекти на слободните радикали врз кожата генерирани по изложување на УВА зраците, продолжува дури и кога не сме повеќе изложени на сонце.
Органскиот After-Sun флуид е специјално формулиран со патентираниот екстракт од црвени морски алги, Alga-Gorria® – со силна антиоксидантна моќ. На овој начин, формулата After-Sun ја храни и смирува кожата, но истовремено ја заштитува и од негативните ефекти на изложување на сонце, како предвременото стареење на кожата.
After-Sun флуидот:
– Може да се користи од страна на трудници и доилки
– Може да се користи од 1 годишна возраст
Карактеристики:
– Заштита од слободни радикали
– Ултра-смирувачка формула по изложување на сонце, или рутинска употреба
– Гел-крем текстура, свежа и лесна
– Вкусна природна арома на кокос и шеа путер
ПРОИЗВОДИТЕЛ/ИЗВОЗНИК: LABORATOIRES DE BIARRITZ 44 RUE LUIS MARIANO-64200,ФРАНЦИЈА
ЕКСКЛУЗИВЕН УВОЗНИК: КС ГРОУП ДОО, УЛ. НАРОДЕН ФРОНТ БР. 3/3, ЛОК.2, 1000 СКОПЈЕ