Тел: 078 885 333

Серум за лице со убикинон 1% – 30 мл.

765,00 ден

На залиха

Шифра: 005473 Категории: , , Бренд:

Коензимот Q10 интензивно делува на проблематичните зони – ги намалува отоците, темните кругови и мимичките борчиња околу очите, правејќи ја кожата посјајна и помлада. Има анти-ејџинг ефект, ја стимулира продукцијата на колаген, ја зголемува цврстината и еластичноста и го изедначува тонот и микрорелјефот на кожата.

Козметолошка група: антиоксиданс, анти-старечки, осветлувач

Биокозметичко дејство – Убикинон (од латинскиот “ubique” – секаде) е коензимот Q10, витамински сродна, масно-растворлива супстанца која се наоѓа во митохондриите на човечките клетки и во многу други живи организми. Продукцијата на Q10 се намалува со возраста, што ги прави клетките поранливи на оксидативен стрес. Коензимот ја одржува младоста на кожата, дејствува како антиоксиданс, се бори против оксидативните процеси и слободните радикали во клетките и ја спречува фотостарењето.

Молекулите на убикинонот лесно навлегуваат во длабоките слоеви на кожата, снабдувајќи ги клетките со енергија. Коензимот го стимулира растот на фибробластите (клетки на сврзното ткиво) и продукцијата на колаген, еластин и хијалуронска киселина, што резултира со видливо подобрен квалитет на кожата и побавна појава на промените поврзани со возраста.

Коензимот значително ја намалува продукцијата на меланин, спречувајќи ја појавата на пигментни дамки и намалувајќи ја чувствителноста кон UV зраци. Кога се комбинира со други антиоксиданси, дејството на коензимот се засилува, зголемувајќи ги имунитетот и отпорноста на кожата на агресивните надворешни влијанија. Кожата станува поеластична и помазна, а тенот се изедначува.

Индикации: Антиоксидантна нега за кожа изложена на стрес и неговите последици, особено за стареечка, сува и дехидрирана кожа.

Контраиндикации: Индивидуална нетолеранција кон некоја од состојките на производот.

Користете самостојно. Протресете добро пред употреба. По чистењето и тонирањето, нанесете ја посакуваната количина серум на лицето и вратот. Погоден за секојдневна употреба, наутро и навечер. Погоден е и за кожата околу очите. Откако серумот целосно ќе се впие, нанесете крема.

Aqua, Caprylic/Capric Triglyceride, Macadamia Integrifolia/Tetraphylla Seed Oil, Glycerin, Isoamyl Laurate, Squalane, Ubiquinone, Tocopherol, Beta-sitosterol, Squalene, Benzyl Alcohol, Glyceryl Laurate, Glycereth-2 Cocoate, Gellan Gum.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават рецензија.

Серум за лице со убикинон 1% – 30 мл.
765,00 ден