Нашиот највисок заштитен фактор против штетните ефекти од ултравиолетовото зрачење. Овозможува инстантна, максимална нежна заштита. Фотостабилен безбеден минерален УВ-филтер. Останувајќи на површината на кожата, создава заштита од сонцето, ги блокира и ги дифузира сите видови на зраци: УВБ, УВА1и УВА2. Кремата е збогатена со голем број на антисептици, антиинфламаторни и матифицирачки состојки.
Екстрактите од орев и шипинка ја задржуваат влaжноста во кожата, тонот, ја одржуваат еластичноста и нежно лекуваат.
Благодарение на есенцијалните масла и витаминот Е, кремата е богата со антиоксиданти, ги активира регенеративните процеси на кожата, ја омекнува и ја зголемува нејзината еластичност. Кремите со физички филтри имаат прилично густа конзистентност, па има неколку особености за нивната употреба. Треба да се нанесат во тенок слој, распределувајќи добро врз кожата. Растителни масла како кокос, шеа путер, макадамиа, авокадо, пченични никулци, може да се додадат на кремата за подобра дистрибуција и удобно нанесување на кремата. Ова на никој начин нема да влијае на нивото на заштита од сонце.
Невен – цветовите од невен имаат анти-воспалително, заздравувачко и бактерицидно дејство. Ја подобруваат работата на регенеративните процеси на кожата, ги зајакнуваат капиларите на кожата и спречуваат стареење на клетките.
Шипинка – има регенерирачки и витаминизирачки ефект. Со нејзните биохемички својства, екстрактот од шипинка е блиску до својствата на кожата, па е способен да пенетрира длабиснки во структуралните слоеби. Активно пренесува и ослободува заздравувачки супстанци, храни и ја омекнува кожата, додека респирацијата на кожните клетки не е нарушенаи порите и жлездите не се запушени.
Чајно дрво – лисјата од чајно дрво се високо антисептични, антибактериски и анти-габични. Промовирајќи регенерација на кожата.
ПРОИЗВОДИТЕЛ/ИЗВОЗНИК: LLC LEVRANA, SABIROVSKAYA 37, САНКТ ПЕТЕРБУРГ, РУСИЈА
ЕКСКЛУЗИВЕН УВОЗНИК: КС ГРОУП ДОО, УЛ. НАРОДЕН ФРОНТ БР. 3/3, ЛОК.2, 1000 СКОПЈЕ
Marija –
Кремава е одлична само треба да го најдеш трикот за апликација или на полусува кожа.
Нина –
Одлична!
Maria Mar –
Многу добра крема која изедначува тен
Викторија Спенџарска –
Кремава е одлична, само треба се нанесе многу мала количина (зрно грашок) на рацете па да се вмасира на кожата на лицето.
Елена –
Незгодна е што е густа и остава бел траг, точно. Но, ако се нанесе трпеливо на полусува кожа со бавна масажа така се впива целосно и станува најдоброто нешто што му се случило на лицето, го смирува и ја прави кожата мека
Marijana –
Citav mnogu reviews i site se svedoa na toa deka ovaa krema treba pravilno da se koristi za da go imate WOW efektot sto go ocekuvate. Dajte i sansa i podocna moze da mi se zablagodarite 😀
Neela –
Vredi da se dade sansa!
Исидора –
Прекрасна е, откако ќе почнете да ја аплицирате правилно.
Emilija –
Super
Aleksandra Neloska –
Predobra krema , koja dava golema zaštita od sonce
САШКА МАРТИНОВСКА –
Kвалитетна крема која ја смирува кожата на лицето.Кога над неа ке ставам шминка,лицето значително помалку ми се масти
Martinaaa –
Одличен производ. Ја смирува кожата и го намалува црвенилото.
Кате –
Тешка е,тешко се размачкува и остава бел траг ама наспрема се тоа одлично штити. Скоро по цел ден дум на сонце и благодарение на неа не изгорев ниту еднаш. За на лице еднаш ставив и ме нафрли,за тело е одлична.