Оваа пигментирана крема со SPF фактор обезбедува висок степен на природна заштита.. Ги комбинира хидрирачките и заштитните својства на хидролатот од невен со регенерирачките својства на маслата од сусам и ленено семе.
Цинк оксидот е безбеден, широкоспектарен, минерален филтер. Останувајќи на површината на кожата, создава заштита од сонцето, борејќи се со кратките УВБ зраци, спречувајќи изгореници. Исто така, заштитува и од долгите, длабокопенетрирачки УВА зраци кои предизвикуваат фотостареење и меланома.
Нежниот розов пигмент има заштитно дејство и во комбинација со други состојки, спречува изгореници.
Природните масла, поседувајќи природен фактор за заштита од сонце, од една страна делуваат како хемиски филтер и промовираат еднаков тен, а од друга страна ја регенерираат кожата оштетена од ултравиолетовото светло, совршено лечејќи и хранејќи со антиоксиданти. Кремите со физички филтри имаат прилично густа конзистентност, па има неколку особености за нивната употреба. Треба да се нанесат во тенок слој, распределувајќи добро врз кожата. Растителни масла како кокос, шеа путер, макадамиа, авокадо, пченични никулци, може да се додадат во кремата за подобра дистрибуција и удобно нанесување на кремата. Ова на никој начин нема да влијае на нивото на заштита од сонце.
Шипинка – плодот на шипинката има регенерирачки и витаминизирачки ефект. Со нејзните биохемиски својства, екстрактот од шипинка е блиску до својствата на кожата, па е способен да пенетрира длабиснки во структуралните слоеви. Активно пренесува и ослободува заздравувачки супстанци, храни и ја омекнува кожата, додека респирацијата на кожните клетки не е нарушена и порите и жлездите не се запушени.
Лаванда – се користи како компонента која има антисептично, бактерицидно, заздравувачко, анти-воспалително и седативно дејство. Промовира регенерација на епидермалните клетки.
Невен – цветовите од невен имаат анти-воспалително, заздравувачко и бактерицидно дејство. Ја подобруваат работата на регенеративните процеси на кожата, ги зајакнуваат капиларите на кожата и спречуваат стареење на клетките.
ПРОИЗВОДИТЕЛ/ИЗВОЗНИК: LLC LEVRANA, SABIROVSKAYA 37, САНКТ ПЕТЕРБУРГ, РУСИЈА
ЕКСКЛУЗИВЕН УВОЗНИК: КС ГРОУП ДОО, УЛ. НАРОДЕН ФРОНТ БР. 3/3, ЛОК.2, 1000 СКОПЈЕ
Maja Spirovska –
Preubava krema :))
C.S. –
Најубава СПФ крема до сега што ја имам користено.
Вили Ќ.Ц. –
Највисока оценка за најдобрата СПФ крема , незаменлива е
Jasmina.N –
Predobra krema!
Е.С. –
Единствена крема што одговара за мојата сензитивна кожа склона кон акни, има одличен смирувачки ефект!
S.K. –
Најдобра SPF крема
D.S. –
Предобра.
Azra –
Preubav
Тереза –
Одлична СПФ крема
Sanja V –
odlicna
Јасмина –
Кремата е одлична и трае доста долго. Ја користам веќе 6 месеци и сум презадоволна!
Марина –
Поубава крема за заштита од штетните сончеви зраци дефинитивно нема. Ви ја препорачувам да си ја купите и да си уживате на сонце. Лесно се аплицира, не остава бели траги и секако ја хидрира и кожата. Пре пре убава.
Sanja V.Gj –
Odlicna✅