Нашиот највисок заштитен фактор против штетните ефекти од ултравиолетовото зрачење. Невенот обезбедува непосредно хранење и регенерација на кожата. Нежниот розов пигмент има заштитно дејство и во комбинација со други состојки, спречува изгореници.
Кремата е збогатена со голем број на антисептици, антиинфламаторни и матифицирачки состојки.
Екстрактите од орев и шипинка ја задржуваат влaжноста во кожата, тонот, ја одржуваат еластичноста и нежно лекуваат.
Кремите со физички филтри имаат прилично густа конзистентност, па има неколку особености за нивната употреба. Треба да се нанесат во тенок слој, распределувајќи добро врз кожата. Растителни масла како кокос, шеа путер, макадамиа, авокадо, пченични никулци, може да се додадат на кремата за подобра дистрибуција и удобно нанесување на кремата. Ова на никој начин нема да влијае на нивото на заштита од сонце.
Лаванда – се користи како компонента која има антисептично, бактерицидно, заздравувачко, анти-воспалително и седативно дејство. Промовира регенерација на епидермалните клетки.
Шипинка – плодот на шипинката има регенерирачки и витаминизирачки ефект. Со нејзините биохемиски својства, екстрактот од шипинка е блиску до својствата на кожата, па е способен да пенетрира длабиснки во структуралните слоеви. Активно пренесува и ослободува заздравувачки супстанци, храни и ја омекнува кожата, додека респирацијата на кожните клетки не е нарушена и порите и жлездите не се запушени.
Невен – цветовите од невен имаат анти-воспалително, заздравувачко и бактерицидно дејство. Ја подобруваат работата на регенеративните процеси на кожата, ги зајакнуваат капиларите на кожата и спречуваат стареење на клетките.
ПРОИЗВОДИТЕЛ/ИЗВОЗНИК: LLC LEVRANA, SABIROVSKAYA 37, САНКТ ПЕТЕРБУРГ, РУСИЈА
ЕКСКЛУЗИВЕН УВОЗНИК: КС ГРОУП ДОО, УЛ. НАРОДЕН ФРОНТ БР. 3/3, ЛОК.2, 1000 СКОПЈЕ

Tea –
Prekrasna krema
Kristina –
За разлика од жолтата крема на Леврана, оваа многу полесно се размачкува на влажна кожа. Дава прекрасна заштита, особено за многу бела кожа, сензитивна на сончевите зраци. Искрена препорака!
Кристина Николовска –
Многу полесна за размачкување на влажна кожа, за разлика од жолтата крема. Дава прекрасен финиш за оние до многу бела кожа, дури има и минимална покривност.
Марина –
Кремата е одлична, лесно се аплицира не остава бели траги и се впива во кожата и воопшто не се чувствува дека имаш нанесено крема, истовремено ја хидрира и кожата. Врв крема јас си направив Залиха значи Врв.