Тел: 078 885 333

Органска интегрална каша од 3 жита (6+ месеци) – 250 гр.

195,00 ден

На залиха

Holle Organic Wholegrain Cereal 3 Grain Органска интегрална каша од 3 жита.

  • За бебиња почнувајќи од 6 месеци
  • Органски сертифициран производ
  • Преработена храна на житна основа
  • Ориз, пченка и просо
  • Не содржи глутен и млечни продукти
  • Без додадени шеќери. Содржи природни шеќери

Подготовка:
1. Стоплете 120 мл млеко кое вообичаено му го давате на вашето бебе, на температура од околу 50°С.
2. Додадете 4 лажици (15г) од кашата.
3. Добро промешајте, оставете смесата да отстои и да се излади на телесна температура (37°С) и сервирајте.
Наведената подготовка е препорака. Конзистенцијата и количината може да ја менувате според индивидуалните потреби на вашето дете.

Важна напомена: Ве молиме во тек на подготовката на храната да се придржувате на упатството. За секој оброк подготвувајте свежа храна. Пред сервирање проверете ја температурата на кашата, треба да биде околу 37°С. Не го оставајте остатокот од храна за следниот оброк. Не ја загревајте храната во микро печка (ризик од изгореници).
Придржувајте се кон балансирана исхрана и здрав начин на живот. Внимателно хранете го вашето бебе. Внимавајте на хигиената на забите на вашето бебе, уште од појавата на првото запче.

Да се чува на суво и ладно место. Кога ќе се отвори да се употреби во рок од 3 недели.

Пакувано во заштитена атмосфера. Заради заштита на животната средина, рециклирајте го пакувањето.

интегрално оризово брашно* (70%), пченкарно брашно** 20%, интегрално брашно од просо* (10%), тиамин (согласно ЕУ барањата).

*од органско производство.

**Demeter биодинамичко производство

Може да содржи траги од сенф.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават рецензија.

Органска интегрална каша од 3 жита (6+ месеци) – 250 гр.
195,00 ден