Капиштец: 078 885 333 | Тел: 077 703 888

Органски лупени домати во конзерва – 400 гр.

115,00 ден

Out of stock

Баркод: 3800218256483 Шифра: 003719 Категории: 2 , Tag:1 Бренд:

„Единствениот начин да не натерате да престанеме да готвиме е да ни ги одземеме доматите“.

Иако не постои таква поговорка, ние веруваме дека треба да постои. Ако готвите (или со нетрпение очекувате домашно зготвен оброк секој ден), веќе знаете дека нема многу вкусни и хранливи јадења без додаток на домати.

Отворете ја лименката со органски домати, тоа е местото каде што станува возбудливо: аромата, бојата, вкусот. О, да, вкусот! Отидовме дури до Италија во потрагата по доматите со најизвонреден вкус. Таму ги најдовме оние органски “меснати”домати кои се зреени на Медитеранско сонце.

Замислете ја Понтинија, мал италијански град, јужно од Рим. Потоа, размислете за градините на семејството Симонети, каде три генерации по ред одгледуваат вкусни домати, и тие се повеќе од професионални во својата работа! Семејството управува со производствениот процес во секоја фаза: од селекција на семиња, одгледување, преработка, до пакување.

– Органски сертифициран производ
– Без глутен
– Без ГМО
– Веганско потекло

Начин на подготовка: Органските домати се мијат и се потопуваат во топла вода, потоа следи процесот на лупење на доматите и последниот чекор е полнењето во конзерви.

Поврзани производи

Органски лупени домати во конзерва – 400 гр.
115,00 ден
Претходно видени производи