Киноата е безглутенско семе, богато со протеини и претставува една од ретките растителни намирници кои содржат доволни количини од сите девет есенцијални амино киселини. Исто така, има многу повеќе растителни влакна од повеќето житарици. Киноата содржи големи количини на флавоноиди, вклучувајќи кверцетин и кемпферол, кои се моќни растителни антиоксиданти со бројни здравствени придобивки. Богата со растителни влакна, минерали, антиоксиданси и целосни протеини, киноата е една од најздравите и најхранливите намирници на планетата. Може да го подобри нивото на шеќер и холестерол во крвта, па дури и да помогне во губење на тежината. Од сите видови на киноа, белата киноа е со најделикатен вкус и најлесна текстура и се готви малку помеко од останатите видови на киноа.
Киноата е една од најхранливите растителни намирници.
Потекло: Перу
ПРОИЗВОДИТЕЛ/ИЗВОЗНИК:SMART ORGANIC AD, 1407 SOFIA, BANAT STREET 28, БУГАРИЈА
ЕКСКЛУЗИВЕН УВОЗНИК: КС ГРОУП ДОО, УЛ. НАРОДЕН ФРОНТ БР. 3/3, ЛОК.2, 1000 СКОПЈЕ