Во време кога сè повеќе внимаваме што ставаме на кожата и што внесуваме во телото, подеднакво важно е да внимаваме и со што го чистиме домот. Токму тука доаѓа Organic People – бренд кој нуди ефикасни, но нежни и еколошки средства за чистење, создадени со состојки од природно потекло.
Organic People е дел од портфолиото на европскиот производител Eurobio Lab, кој ги развива своите формули инспирирани од иновативни јапонски технологии во областа на домашно чистење и текстилна нега. Производите содржат ултра-благи детергенти на база на растителни аминокиселини, растителни екстракти и природни масла, што ги прави ефикасни, но истовремено нежни за кожата и околината. Тие имаат био-разградлива формула, не содржат опасни хемикалии како фосфати, фталати, парабени, феноли, ЕДТА и NTA и поминуваат низ ригорозни тестирања за еколошка и дерматолошка безбедност.
Зошто е важно да користиме органски средства за чистење?
Денешните традиционални средства за чистење често содржат агресивни синтетички состојки кои можат да предизвикаат иритации на кожата, да го иритираат респираторниот тракт и да останат како резидуи на површини со кои доаѓаме во контакт, вклучително и садови и прибор за јадење. Токму затоа, преминот на еко и органски средства не е само тренд — тоа е свесен избор за здравје и благосостојба.
✔ Побезбедна средина за деца и миленици
✔ Намален ризик од алергиски реакции и иритации
✔ Ефикасно отстранување на маснотии и нечистотии
✔ Био-разградливи формули што не ја загадуваат природата
✔ Нежни за кожата на рацете
Особено е важно да потенцираме дека детергентите за садови од Organic People се безбедни и за миење овошје и зеленчук, односно помага да се отстранат восокот и наслагите од надворешните површини на храната, а притоа не оставаат штетни хемикалии.
Детергенти за миење садови – ефикасни и природни
Organic People има капацитет да ги замени традиционалните средства за миење садови со формули што лесно го разградуваат маслото – дури и во студена вода. Сите детергенти за садови се погодни и за миење овошје, зеленчук, па дури и бебешки садови и играчки.
Детергент за садови од камилица – 350 мл
Овој детергент има нежен мирис и формула богата со екстракт од камилица. Освен што темелно ги отстранува маснотиите и остатоците од храна, тој ја омекнува кожата на рацете и ја негува додека ги мие садовите, овошјето или зеленчукот.
Детергент за садови од нане и лимета – 350 мл.
За оние што сакаат поосвежителен и малку поразличен мирис, оваа формула комбинира зелен лимон и нане. Освен што е ефикасна против маснотии, ја остава кујната со пријатен мирис на свежина.
Детергент за садови и детски играчки од зелен чај и праска – 350 мл.
Специјално дизајниран за најсензитивните: бебешки шишиња, цуцли и прибор, овој детергент со зелен чај и праска е исклучително нежен, но сепак моќен против маснотии и непријатни мириси. Одличен за миење и на овошје и зеленчук.
Средства за чистење на домот
Спреј за чистење санитарија од лимон и јаболков оцет – 500 мл.Овој спреј комбинира лимон и јаболков оцет за да ги отстрани тврдоглавите наслаги од сапуница и бигор во бањата, оставајќи површини без траги и непријатни мириси. Полесно се мие и може да се користи на различни видови површини без да ги оштети.
Спреј за чистење на стакла од бел чај – 500 мл.Создаден за стаклени површини, овој спреј обезбедува чистина без линии и траги. Брзо се суши и е идеален за прозорци, огледала, стаклени масички и други слични површини.
Спреј за чистење на тоалети од рабарбара и киселец – 500 мл.Специјален спреј за WC кој моќно, но безбедно ја отстранува нечистотијата и непријатните мириси, создавајќи чувство на свежина во тоалетот без употреба на силни хемикалии.
Гел за чистење на подови од кедар и рузмарин – 500 мл.Концентриран еко-гел погоден за различни типови подови – од плочки до ламинат. Темелно ги отстранува нечистотиите без да остава лепливи остатоци и го одржува сјајот на површините.
Повеќенаменско средство за чистење од лимон и мандарина – 350 мл
Ова средство носи свеж, цитрус мирис и ефективно ја отстранува нечистотијата без потреба за плакнење. Формулата елиминира непријатни мириси и оставa површини чисти и свежи — идеален за секојдневна употреба на сите површини, од кујна до санитарија.
Изборот на еко средства за чистење не е само тренд – тоа е одлука што го штити здравјето на вашето семејство и ја почитува природата. Со Organic People, чистењето станува свесен ритуал што носи сигурност, свежина и мир во домот.
Чист дом, чиста совест




