Почитувани, поради празниците кои наближуваат и големиот број неработни денови, Ви најавуваме пролонгирана достава на Вашите нарачки. Ви благодариме на разбирањето, трпението и Ви посакуваме среќни празници! ❤️💐🍀
Вообичаени вештачки бои кои се користат во производството на храна
25 Sep

Истражувањата покажуваат дека вештачките бои кои се наоѓаат во овошни сокови, преливи за салати, може да придонесат за проблеми во однесувањето кај децата и да доведат до значително намалување на коефициентот на интелигенција.

Студиите на животни поврзаа некои бои за храна со рак. Внимавајте на овие:

Blue 1 и Blue 2, забранети се за употреба во прехранбени продукти во Норвешка, Финска и Франција. Може да предизвика хромозомско оштетување. Може да се најдат во бонбони, житарки, безалкохолни пијалоци, спортски пијалоци.

Red 3 и Red 40. Забранети во 1990 година по 8 години дебата за употреба во многу прехранбени производи и козметика. Докажано е дека предизвикуваат рак на тироидната жлезда и хромозомско оштетување кај лабораториски животни, а исто така може да го попречи преносот на мозочните нерви. Се наоѓаат во сладолед, бонбони, пекарски производи.

Yellow 6 (Е110) и tartazine (Е102) се забранети во Норвешка и Шведска. Го зголемуваат бројот на тумори на бубрези и надбубрежните жлезди кај лабораториските животни, може да предизвикаат хромозомско оштетување. Се наоѓаат во сирење, бонбони и газирани пијалоци...

Најгоре