Парфеми

Дали се долготрајни?

Иако постојат многу фактори, кои влијаат на долготрајноста на еден парфем, во принцип производителот гарантира некоја просечна долготрајност од 5-8 часа кај парфемите со посвежи ноти, а околу 10-12 часа кај парфемите по поблаги ноти во составот. Тоа е во согласност и со стандардите, околу тоа колку треба да трае еден производ кој се карактеризира како парфемирана вода (Eau de Parfum).

Зошто се толку поефтини од познатите брендови на парфеми?

Ова е едно од најчестите прашања, кое ни го поставувате како потрошувачи. Во принцип, треба да знаете, дека самата течност (парфемот) во количина од 50-100 мл. во шишенцето кое го купувате, не го чини производителот повеќе од 2-3 Евра или 120-180 денари. Во најретки случаи, кадешто се употребувани многу ретки и скапи етерични масла, може цената да достигне и 5 Евра или 300 ден. Толку е ниска цената, што би се запрашале што е она што го плаќаме за да се добие остатокот? Амбалажата многу често знае да чини и повеќе од самата течност (особено дизајнот на самото шишенце). И секако во најголем дел, го плаќате маркетингот, или како што би рекле народски „го плаќате името“ на самиот бренд. Нашиот соработник од Франција, нема име кое е прочуено низ целиот свет и секако тука автоматски е изоставен огромен дел од оној „маркетиншки“ трошок, кој би го платиле кај најреномираните дизајнерски куќи. Затоа и самиот финален производ има многу популарна, за многумина, речиси и неверојатна цена од само 15-ина Евра, за квалитет, кој со буквално ништо не заостанува од многу поскапите варијанти. Едноставно главната идеја на производителот била, да го доближи квалитетот на парфемите, кој многу често се смета за луксуз, до пошироките народни маси и речиси секој да може без проблем да си го дозволи.

Дали е голема сличноста со познатите брендови, кои се наведени?

За да го добиете најсоодветниот одговор на ова прашање, сметаме дека најдобро е накратко да го запознаете профилот на производителот, кој ги создава нашите парфеми. JFenzi е имено брендот на парфемите, кои се произведуваат во фабриката на Sozio, Inc. во лулката на светската парфемска индустрија – Грасе (Grasse), Франција. Sozio е производител на парфеми од 1985 год., а во склоп на нивните фабрики, се произведуваат и парфеми за многумина од најреномираните светски брендови како Jean Paul Gaultier, Hermes, Dior и сл. Бидејќи овие брендови немаат законско право на ексклузивитет на комбинациите од мирисните ноти кои ги добиваат, Sozio, Inc. ги користи истите тие креации и комбинации од етерични масла, во свои сопствени парфеми, кои нормално идентично мирисаат како и кај познатите брендови. Ова не е случај само со Sozio, Inc., туку веќе е прифатено како општа пракса помеѓу производителите на парфеми низ целиот свет.

Козметика

Дали производите се CF – Cruelty Free (нетестирани на животни)?

Да! Сите наши производи, без исклучок се Cruelty Free! Тоа значи дека не се тестирани на животни, ниту состојките, ниту пак финалните производи, а исто така и самите брендови не продаваат во држави, кадешто тестирањето на животни е задолжително со закон, како на пример во НР Кина.

Дали имате вегански производи?

Секако! Голем дел од нашите производи се погодни за вегетаријанци и вегани и истото е истакнато на самите амбалажи од производите преку веганските сертификати.

Која е разликата помеѓу природно и органско?

Иако терминот „природно“ многу често се злоупотребува, преку разни маркетиншки трикови, а и поради самиот факт што не постои меѓународна законска регулатива за користење на самата терминологија на амбалажите или во рекламите, ние кога велиме природно, мислиме на серитфицирано природно! Најголемиот дел од нашите производи се сертифицирани по Европскиот стандард „Cosmos“, а органските од природните производи се разликуваат во процентот на состојки кои потекнуваат од т.н. „контролирано органско земјоделство“. Но, речиси сите наши производи (вклучувајќи ги и природните), имаат делумно органски состојки во својот состав. Така на пример, еден природен шампон за коса ако има до 10% органски состојки во својот состав, органскиот шампон би имал повеќе од 10% итн.

Од каде ви се производите?

Заради нашата желба и потреба директно да го контролираме квалитетот на производите кои ги застапуваме, Bellina има политика на увоз на производи директно од самите производители на истоимените брендови. Не соработуваме со регионални дистрибутери од Србија, Бугарија или Хрватска, кои потоа ја препродаваат робата во Македонија. Така на пример Urtekram се увезува директно од Данска, Organique од Полска, Dr. Konopka’s и Natura Siberica од Естонија, Pulpe de Vie од Франција и од многу други Европски, но и светски држави.

Зошто да користам природно и органско?

Зошто да користите синтетички и хемиски состојки, чии ефекти врз здравјето, во најдобар случај се дискутабилни, кога во денешно време постојат безброј алтернативи од природата, чиешто дејство врз човечкото здравје е комплетно безопасно? Освен тоа, можеби најважната разлика е во тоа што хемијата навидум го дава посакуваниот ефект површински и краткорочно, додека органските производи делуваат длабински и на долг рок! Смислата на органските производи, е преку своите активни состојки, да ја поттикнат кожата или косата, сама да се регенерира и да го создаде ефектот кој се посакува, а не тоа вештачки да се проектира, преку синтетички состојки, кои му се страни на нашето тело и организам.

Дали се долготрајни?

Како може да се купат вашите производи?

Доста сме флексибилни околу начините за нарачка на нашите производи, со цел да ви овозможиме што полесно и поедноставно пазарење. Во принцип можете да нарачате телефонски, преку електронска пошта (email), директно преку овој веб сајт, по порака преку социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и во некоја физичките локации, во коишто се продаваат нашите производи.

Колку чини испораката на производите на Bellina?

Секоја нарачка од нашата е-продавница, која е во вкупна вредност од или над 950 ден. се доставува бесплатно до вашиот дом на целата територија на Република Македонија. За нарачките во вредност помала од 950 ден., се наплаќа надоместок за поштарина во висина од 100 ден., дополнително на сумата за производите.

Каков е начинот на плаќање?

Имате 2 опции за плаќање. Првата е да платите со платежна картичка преку веб сајтот, преку сигурносниот CaSys систем за плаќање. Во овој случај, нарачката ќе мора да ја извршите сами и единствено преку овој веб сајт, кадешто ќе треба да ги внесете и податоците од вашата платежна картичка. Втората опција е плаќање на курирската служба во готово (во денарска противвредност), при прием на практата на врата. Внимавајте дека во вториот случај (при плаќање на врата) не е можно плаќање со картичка, ниту пак плаќање во друга странска валута.

Како се врши испораката и за колку време да ја очекувам пратката?

Нарачките кои се вршат пред 12:00 часот напладне (доколку се работи за работен ден), се процесираат и предаваат на курирската служба уште истиот ден. Сите нарачки по 12:00 часот напладне или за време на неработни денови (саботи, недели и државни празници), се предаваат на курирската служба следниот работен ден. Веќе подолго време соработуваме со надворешната курирска служба БЕ-ДА Логистик од Скопје. Ние на дневна основа (работни денови) им ги предаваме пратките, кои потоа ви ги доставуваат почнувајќи од следниот работен ден и во текот на работното време од 08:00 до 16:00 часот. Доставата во поголемите населени места низ Македонија се врши во рок од 24 часа (секогаш се сметаат работни денови) по превземањето на пратката од страна на курирската служба. Доставата во помалите градови и села, се врши 2-3 пати неделно, зависно од градот и регионот. Подетални информации за ова, можете да добиете кај нашиот соработник на следниов контакт број: 076/278-278. Понекогаш се случуваат непланирани доцнења на пратките, дали заради временските услови или заради технички проблеми на курирската служба, такашто доколку забележите доцнење на вашата пратка, љубезно ве молиме да имате разбирање и да нè контактирате, со цел во најбрз можен рок да го решиме настанатиот проблем.

Дали се возможни рекламации на производите?

Секако. Доколку забележите оштетување на нарачаните производи при испораката или доколку добиете производ кој не истоветува со вашата нарачка, ви стоиме на располагање да го добиете она што ви следува во најкус можен рок.
ЗАБЕЛЕШКА:Доколку рекламацијата за оштетени производи се јави по примањето на пратката од курирот, компанијата си го задржува правото да не ја признае истата. Затоа ве молиме при примопредавање на пратката од страна на курирската служба (која е наш надворешен соработник), да ја утврдите состојбата на производот пред ја примите. Исто така не се признаваат рекламации кадешто причината е недопаѓање на производот.

Најгоре