Личните податоци се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин се
собираат за конкретни, јасни и легитимни цели и нема да се обработуваат на начин што не е во
согласност со тие цели.
Личните податоци, прибрани при процесирање на online купување се задолжителни, за целите на
подготвување и доставување на пратката, како и за изготвување на фактура за плаќање.
Овие информации се строго доверливи. Доколку истите се нецелосно доставени, пратката автоматски ќе
биде одбиена.
Само податоците потребни за достава на нарачките се собираат и чуваат. Секој клиент има пристап до
овие податоци и во секое време може истите да ги измени или избрише.
Собраните податоци не ги споделуваме со други деловни партнери, освен со нашиот соработник - Ин пошта
и истите се користат исклучиво за целите на достава на пратките.