Со оваа Изјава за приватност се објаснува видот на лични податоци што Друштвото за трговија и услуги КС ГРОУП СИТИ ДОО Скопје, во својство на Контролор на лични податоци (во натамошниот текст: Контролор или КС ГРОУП СИТИ ДОО), ги собира преку системот за вршење на видео надзор поставен во продавниците Bellina.


Покрај тоа, со Изјавата детално се појаснува како КС ГРОУП СИТИ ДОО ги користи овие податоци.

 1. Зошто ги собираме (обработуваме) Вашите лични податоци?
КС ГРОУП СИТИ ДОО ги собира Вашите лични податоци преку системот за вршење на видео надзор поставен во своите продавници, за да обезбеди заштита на живот и здравје на вработените во продавниците Bellina каде што е поставен видео надзор поради природата на нивната работата, за да обезбеди контрола над влегувањето и излегувањето од продавниците само за безбедносни цели, како и заштита на сопственоста односно имотот на продавниците каде што е поставен видео надзор (кражба и оштетувања на производи, кражба на пари и друг имот).

 Системот за вршење на видео надзор не се користи за ниту една друга цел, освен за погоре наведените.
 Видео камерите се поставени така што обезбедуваат единствено визуелни снимки на физичките лица (ликот и физичкиот изглед на лицата, вклучително и малолетни лица) кои ги посетуваат продавниците Bellina.
 Камерите за видео надзор се поставени и фокусирани така што го снимаат влезот и излезот од продавниците Bellina, потоа гo снимаат пултот каде што се врши наплата на купените производи, полиците и штандовите со производи, како и друг имот што треба да се заштити, при што ги снимаат вработените, купувачите и другите посетители кога ќе влезат во нивниот фокус.
 Системот за вршење на видео надзор не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази за внатрешни истраги во КС ГРОУП СИТИ ДОО, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент поврзан со целта заради која е воспоставен видео надзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до надлежните органи во рамките на формална кривична постапка).

 2. Какви податоци собираме?
 Преку системот за вршење на видео надзор, КС ГРОУП СИТИ ДОО собира само визуелни снимки од физички лица (ликот и физичкиот изглед на вработените, купувачите и другите посетители на продавниците Bellina). Притоа, не се врши тонско снимање.

 3. Кој е одговорен за обработка на податоците?
 КС ГРОУП СИТИ ДОО врши обработката на личните податоци и ги утврдува целите на обработка, во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Стефан Драгоманов, на работно место Управител е контакт лице и одговорно лица за вршење на видео надзор.

 4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за вршење на видео надзор?
 КС ГРОУП СИТИ ДОО користи опрема за видео надзор за обезбедување:
- заштита на живот и здравје на вработените во продавниците каде што е поставен видео надзор поради природата на нивната работата,
- контрола над влегувањето и излегувањето од продавниците за безбедносни цели и
- заштита на сопственоста.
 Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, на влезот на продавниците, има видливо и јасно истакнато известување за видео надзорот кое им овозможува на вработените, купувачите и другите посетители да се запознаат со вршењето на видео надзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видео надзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор.

 5. Кој може да ги види Вашите лични податоци?
 До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видео надзор.
 Пристапот до дигиталните видео рекордери (DVR-и) на кои се чуваат видео записите е ограничен на администраторот на системот за вршење на видео надзор.
 Пристап и увид до личните податоци обработени преку системот за вршење на видео надзор имаат единствено лица кои се овластени од страна на управителот на КС ГРОУП СИТИ ДОО.
 Пристапот е заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од овластените лица)

 6. Како да ги контролирате Вашите податоци?
 Доколку имате какво било прашање во врска со обработката на Вашите лични податоци преку системот за вршење на видео надзор, може да испратите барање до КС ГРОУП СИТИ ДОО на е-адреса: contact@bellina.mk или на адреса ул. Народен Фронт 3/3 лок.2, 1000 Скопје или барањето да го доставите во продавница Bellina.

 7. Дали може да пристапите до Вашите податоци?
 Вие имате право да побарате потврда дали се обработуваат Вашите лични податоци, како и да пристапите до Вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до КС ГРОУП СИТИ ДОО на е-адреса: contact@bellina.mk или на адреса ул. Народен Фронт 3/3 лок.2, 1000 Скопје или барањето да го доставите во продавница Bellina. Образецот на барањето, можете да го побарате кај вработените во продавниците Bellina.

 8. Дали можете да ги менувате Вашите лични податоци?
 Не е дозволено изменување на видео записот од извршениот видео надзор.

 9. Дали може да побарате ограничување на обработката на Вашите податоци?
 Вие имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање до КС ГРОУП СИТИ ДОО на е-адреса: contact@bellina.mk или на адреса ул. Народен Фронт 3/3 лок.2, 1000 Скопје или барањето да го доставите во продавница Bellina, во случај кога ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци, или кога нам повеќе не ни се потребни податоците за остварување на целите на обработката. Вие исто така, можете да ја ограничите обработката и кога обработката е незаконита, а Вие се спротивставувате на бришењето на личните податоци.
 Сепак, ограничувањето на обработката на Вашите лични податоци не е можно во случај на службена истрага.

 10. Дали може да побарате бришење на Вашите податоци?
 Вие имате право да побарате бришење на Вашите податоци во секое време со испраќање на барање до КС ГРОУП СИТИ ДОО на е-адреса: contact@bellina.mk или на адреса ул. Народен Фронт 3/3 лок.2, 1000 Скопје или барањето да го доставите во продавница Bellina, во случај кога личните податоци биле незаконито обработени или повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани.

 11. Дали се споделуваат Вашите лични податоци со трети страни?
 Вашите лични податоци ги чуваме и не ги споделуваме со други лица, освен ако Вие не побарате или пак дадете согласност истите да бидат споделени.
 Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.

 12. Дали имате право на приговор?
 Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање до КС ГРОУП СИТИ ДОО на е-адреса: contact@bellina.mk или на адреса ул. Народен Фронт 3/3 лок.2, 1000 Скопје или барањето да го доставите во продавница Bellina, кога имате легитимни причини во врска со Вашата конкретна ситуација.

 13. Што можете да направите во случај на проблем?
 а) Првиот чекор е да не известите за проблемот преку е-адреса: contact@bellina.mk или на адреса ул. Народен Фронт 3/3 лок.2, 1000 Скопје или барањето да го доставите во продавница Bellina, и да побарате да преземе конкретна активност.
 б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци: Ивана Јордановска на e-mail: i.jordanovska@bellina.mk. Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по Вашето барање и ќе ги преземе потребните мерки.

 14. Кога ќе започне обработката на Вашите лични податоци преку системот за видео надзор?
 Обработката започнува во моментот кога ќе влезете во фокусот односно видокругот на камерите кои се поставени во продавниците Bellina на КС ГРОУП СИТИ ДОО и трае додека не излезете од фокусот односно видокругот на камерите.

 15. Безбедност на личните податоци
  Ние сме посветени на заштита на Вашите лични податоци. Затоа, обезбедуваме соодветни технички и организациски мерки за безбедност при обработката на личните податоци преку системот за вршење на видео надзор со кои се гарантира заштита на доверливоста, интегритетот и достапноста на Вашите лични податоци. Ние ги штитиме Вашите лични податоци од неовластен пристап и неовластена употреба или откривање на податоците.

 16. Колку долго ги чуваме Вашите податоци?
 Снимките од видео надзорот, односно Вашите податоци ги чуваме до исполнување на целта заради која се врши видео надзорот, но не подолго од 30 дена, сметано од денот кога е направена поединечната снимка. По истекот на рокот од 30 дена, снимките од видео надзорот автоматски се бришат.

Најгоре