Почитувани, поради празниците кои наближуваат и големиот број неработни денови, Ви најавуваме пролонгирана достава на Вашите нарачки. Ви благодариме на разбирањето, трпението и Ви посакуваме среќни празници! ❤️💐🍀
Со конзумирање на органаска храна сте сигурни дека не внесувате генетски модифицирани организми
02 Oct


Органската ознака значи производ без ГМО и пестициди. Во меѓувреме, етикетата без ГМО покажува дека прехранбениот производ не е создаден со генетски модифицирани организми (ГМО) но може да е третоиран со синтетички пестициди.


• ГМО се генетски модифицирани организми кои треба да се избегнуваат по секоја цена. Тие се поврзани со низа здравствени проблеми.
Гликоза, сахароза, декстроза, малтоза, фруктоза, микрокристална целулоза, малтодекстрин, пченкарен скроб, високо обработен пченкарен сируп со фруктоза и други варијанти на шеќер, може да се добијат од пченка која најчесто потекнува од ГМО. Тие се поврзани со сериозни здравствени проблеми.
 Познавањето на изворот на шеќер на состојки во производот е многу важно за создавање и одржување на здраво тело и нервен систем, а исто така и за превенција од болести како што се дебелината и дијабетес тип 2. Телото реагира поинаку на хемиски обработени шеќери отколку здравите органски шеќери.
 ГМО се навистина „скриени“ во витамините бидејќи состојките добиени од ГМО се толку силно обработени што целата ДНК се уништува во тој процес, со што се уништува секој отпечаток од генетска модификација. Тестовите за генетска идентификација, со други зборови, бараат честичките од храната да останат релативно недопрени, така што со помош на PCR лабораториски може да се реплицират (умножат) генетски секвенци. Силно обработените состојки, како што се сирупот од пченка со високо ниво на фруктоза, малтодекстрин и аскорбинска киселина, немаат генетски материјал. Со самото тоа не се знае нивното потекло.

Со користење на органски проиводи сте сигурни дека во вашиот организам не внесувате генетски модифицирани организми.

Најгоре