Почитувани, поради празниците кои наближуваат и големиот број неработни денови, Ви најавуваме пролонгирана достава на Вашите нарачки. Ви благодариме на разбирањето, трпението и Ви посакуваме среќни празници! ❤️💐🍀
Дали ги знаете придобивките од цитрусното овошје Yuzu за кожата?
21 Nov

Yuzu линијата на SoBio Etic, е составена од вкупно четири продукти:

• Yuzu гел за чистење на лице

• Yuzu хидратантен гел- крем

• Yuzu ексфолирачки гел

• Yuzu прочистувачка маска од јаглен


Yuzu линијата е наменета за:

• масна и комбинирана кожа

• кожа со акни

• кожа со флеки

• кожа со полни и нечисти пори/ црнки

Yuzu потекнува од Кина, тоа е цитрусно овошје кое многу личи на лимон. Добиен е од вкрстувањето на рустикален лимон и дива мандарина. Yuzu исто така се користи во медицината поради неговите антиоксидантни и енергетски својства, интервенира на неколку нивоа кога е потребно, а неговата примена е особено честа во козметиката.

Придобивки од Yuzu за кожата Yuzu има, како и сите цитрусни овошја, јаки адстрингентни својства, кои помагаат да се регулира производството на себум, што е вистинска предност ако имате комбинирана или мрсна кожа. Ова овошје на тој начин овозможува да се избегне затнувањето на порите од нечистотии и себум, но и да се подобри еластичноста на надворешниот слој на кожата. Конечно, исто така го подобрува обновувањето на кожата и го спречува проширувањето на порите.

Yuzu е исто така препознатлив по неговите освежувачки ефекти поради содржината на органска киселина. Тоа е активна состојка која ѝ дава малку „поттик“ на кожата и помага да се задржи блескавиот тен! Ова овошје е истотака и антиоксиданс кој помага во борбата против слободните радикали, кои меѓу другото се одговорни за стареењето на кожата. Благодарение на неговите клинички докажани својства за прочистување кои го ограничуваат размножувањето на микроорганизмите, помага да се намали дојаметарот на порите и да се намали масниот сјај на кожата.

• Yuzu гел за чистење на лице Овој гел за чистење ја прочистува кожата, ги елиминира нечистотиите и вишокот на себум. Несовршеностите се видно намалени, уште од првата употреба. Формулиран со прочистувачки органски Yuzu, Цинк PCA кој помага да се ограничи вишокот на себум и ребалансирачки пребиотик од природно потекло. Може да се употребува еднаш на ден кај комбинирана кожа и два пати на ден кај масна кожа.

• Yuzu хидратантен гел- крем Овој гел крем е со свежа, немрсна текстура кој длабоко хидрира и помага да се елиминираат акните, црнките и неприродниот сјај добиен од преголемо мастење на кожата. Освен YUZU, во овој гел крем има и цинк PCA намалува прекумерно лачење на маснотии и појава на акни, како и ребалансирачки пребиотик од природно потекло. Може да се употребува секој ден, кај сите типови на кожа.

• Yuzu ексфолирачки гел Овој гел за чистење е наменет за пилинг на кожата и тој директно делува на:

• чистење на потите

• намалување на мастењето на кожата

• намалување на дијаметар на пори

Најдобар начин на примена е наутро, 3 до четири пати неделно, за убав сјај и контрола на преголемо создавање на себум во текот на денот.

• Yuzu прочистувачка маска од јаглен Оваа маска од јаглен длабински ја прочистува кожата: го апсорбира вишокот на себум, ги отпушува и ги затегнува порите. Упатство за употреба: 2 до 3 пати неделно, нанесувајте ја маската за прочистување на јаглен на суво лице. Оставете да делува 5 минути, а потоа исплакнете. Избегнувајте го пределот околу очите и усните.

Најгоре