Известување: од 01.07.2024 новото работно време во продажните локации BELLINA-Капиштец и BELLINA-Настел, Тафталиџе ќе биде 09:00-21:00h Понеделник-Петок и 09:00-17:00h во Сабота
Како да изберете најбезбедна крема со СПФ фактор за вашето дете?
12 Apr

Хемиските филтри се добиени по хемиски пат и имаат различен начин на заштита од природните минерални филтри. Хемиските филтри имаат тенденција да навлегуваат во подлабоките слоеви на кожата дури и во крвотокот. Хемиските филтри може да предизвикаат алергиски реакции  и се поврзуваат со голем број здравствени нарушувања, некои од нив имаат тенденција да имитираат естрогени хормони и да се мешаат во хормонскиот баланс на организмот.

Физичките или минерални филтри имаат одлично заштитно дејство благодарение на способноста да ги рефлектираат сончевите зраци од површинскиот слој на кожата за разлика од хемиските кои ги апсорбираат сончевите зраци во подлабоките слоеви на кожата.

Кремите со физички фактори се најбезбеден избор за сите но, се задолжителни за бебеиња и деца, трудници и доилки.

Постојат два физички филтри: Цинк оксид и Титаниум диоксид, треба да се внимава овие филтри да не се во нано форма, односно да бидат во нивната природна големина која не дозволува навлегување преку порите на кожата.

Цинк оксидот заштитува од УВА и УВБ зраците, додека Титаниум диоксид заштитува само од УВБ зраците. За целосна заштита од есенцијално значење е останатиот состав на производот.

Еден од најпријавуваните ограничувања кога станува збор за креми на база на физички филтри се белите траги кои ги оставаат тие креми. Тоа можеби од естетски акпект не ни одговара но тоа е показател дека честичките на минералните филтри не се намалувани, односно ја имаат нивната природна големина и тежина. Честичките на минералните филтри се крупни и тешки, тешко се размачкуваат и може да оставаат бели траги на кожата.

Некои креми може да бидат на база само на минерални филтри но тие филтри да се намалени со помош на нанотехнологија, тогаш се добива производ кој нема да остава бели траги но тогаш цинк осидот и титан диоксидот може да навлезат во длабоките слоеви на кожата и крвотокот што не е воопшто препорачливо.

Доколку производителот сака да произведе совршена крема која нема да остава бели траги  и ќе биде полесна за размачкување тогаш се употребуваат високо квалитетни масни киселини кои ги обложуваат честичките на филтрите. Таа крема полесно ќе се размачкува и ќе биде целосно безбедна за употреба.

На нашиот пазар имаме креми со совршен состав кои може да се користат уште од најмала возраст.


LEVRANA calendula-во составот има само еден минерален филтер Цинк оксид во комбинација со високо квалитетни природни масла. Оваа крема е совршена за бебиња под 12 месеци кои во секој случај не смее да се изложуваат директно на сонце.

Оваа крема со SPF фактор обезбедува висок степен на природна заштита. Ги комбинира хидратантните и заштитните својства на хидролатот од невен со регенерирачките својства на маслата од сусам и ленено семе. Цинк оксидот е безбеден, широкоспектарен, минерален филтер. Останувајќи на површината на кожата, создава заштита од сонцето, борејќи се со кратките УВБ зраци, спречувајќи изгореници. Исто така, заштитува и од долгите, длабокопенетрирачки УВА зраци кои предизвикуваат фотостареење и меланома. Природните масла, поседувајќи природен фактор за заштита од сонце, од една страна делуваат како хемиски филтер и промовираат еднаков тен, а од друга страна ја хранат и регенерираат кожата оштетена од ултравиолетовото светло, совршено лечејќи и хранејќи со антиоксиданти.

DHYVANA SPF 50+ / КРЕМА ЗА БЕБИЊА СО ЗАШТИТЕН ФАКТОР-100% минерална крема за сончање погодна за бебиња и за чувствителна кожа, која обезбедува широк спектар на заштита со SPF50+PLUS. Во составот ги содржи двата минерални филтри со што гарантира максимална и безбедна заштита.

- Со заштитни органски масла и невен

- Ја навлажнува кожата и спречува нејзино оштетување

- Широк спектар на UVA+UVB+IR

- Некомедогена крема за сончање со лесна текстура за нанесување

- Без хемиски филтри, наночестички и други токсични материјали

- За интензивно изложување на сонце

- Производот е дерматолошки тестиран

BIARRITZ ALGA MARIS / КРЕМА ЗА ЛИЦЕ И ТЕЛО ЗА ДЕЦА И БЕБИЊА СО SPF50+- во својот состав содржи еден минерален филтер Титаниум диоксид кој е обложен со алуминиум оксид кој спечува создавање на слободни радикали и нуди висока заштита од сончевите зраци.

Детската SPF50+ крема обезбедува оптимална клеточна заштита која се грижи децата безбедно да уживаат во сонцето. Од голема важност е ефикасно да ја заштитите детската кожа од негативните ефекти на УВА и УВБ. Тоа е улогата на нашата детска SPF50+ крема за заштита од сонце, која ги спојува во едно ефикасноста и безбедноста на кожата, благодарение на минералните филтри во хипоалергената формула, без презервативи и додадени мириси. Децата мора да се заштитат од прекумерно изложување на сонце: премногу сонце за време на детството, значително го зголемуваат ризикот од тешки проблеми со кожата во периодот на зрелоста. Препорачана од 6 месечна возраст, формулата на оваа крема е хипоалергена, без презервативи или додадени мириси, правејќи ја безбедна за кревката кожа на вашите деца.

BIOSOLIS SPF 50+ / МЛЕКО ЗА ЛИЦЕ И ТЕЛО СО ЗАШТИТЕН ФАКТОР ЗА ДЕЦА И БЕБИЊА-оваа крема нуди максимална заштита со комбинацијата на двата минерални филтри Цинк оксид и Титаниум диоксид.

Млекото е целосно составено од 100% гарантирани минерални филтри. Обезбедува високо ниво на заштита (SPF50+) и ги штити вашите деца од целиот спектар на УВА и УВБ. Веднаш штити и не е леплив. Новата формула нема парфем.

Изберете некоја од овие креми со заштитен фактор за вашите најмили и уживајте во сончевите денови кои следат.



Напиша:zivotbeztoksini



Најгоре