Почитувани, поради празниците кои наближуваат и големиот број неработни денови, Ви најавуваме пролонгирана достава на Вашите нарачки. Ви благодариме на разбирањето, трпението и Ви посакуваме среќни празници! ❤️💐🍀

HARMONICA / ОРГАНСКА ЧОКОЛАДНА НАПОЛИТАНКА СО КОКОС - 40 ГР

65 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 3800218254014


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Вафли
  • Сертификати - Vegan , Non-GMO
  • Брендови - Harmonica
  • Наменето за - Ужинка
  • Дополнителни информации - Содржи шеќер од природно потекло

Главниот херој во оваа приказна е нашата кокосова нaполитанка, фатена во љубовна прегратка со извонредно темно чоколадо. Резултатот е веганска обланда обложена во чоколадо со интензивен вкус на кокос, кој е навистина возбудлив и посебен.

Направена од органски состојки, суптилно блага и богата со чоколадо, со крцкава кора од емер пченица, благ путер од кокос и кокосови снегулки… попладневното кафе никогаш нема да ви биде досадно!


- Органски сертифициран производ

- Без ГМО

- Веганско потекло


Начин на подготовка: Корите од емер пченица се печат посебно додека останатите состојки се мешаат во крем и потоа се премачкуваат сите кори – крем над кора, крем над кора. Сето тоа се прелива со темно чоколадо и се остава да се излади. На крај се пакуваат и подготвени се за уживање.


Состав: Органско интегрално брашно од емер  пченица, органски шеќер од трска, органска какао маса (20,2%), органски снегулки од кокос (15,9%), органски кокос путер (6,31%), органско кокосово брашно, органско какао во прав со малку маснотии. Средство за нараснување: натриум бикарбонат и малку сол. Производот е погоден за сите кои избегнуваат храна со производи од животинско потекло.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 2308 kJ/553 kcal

Масти: 32,5 g

од кои заситени: 19,7 g

Јаглехидрати: 56,3 g

од кои шеќери: 23,7 g

Протеини: 8,1 g

Сол: 0,2 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре