SMART ORGANIC / ОРГАНСКА БЕЛА КИНОА - 500 ГР.

265 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 3800225470018


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Киноата е една од најхранливите растителни намирници. 


- Не содржи глутен

- Богата со целосни протеини

- Богата со растителни влакна

- Богата со минерали и антиоксиданси

- Вкусна и лесна за подготовка

- Органско потекло


Киноата е безглутенско семе, богато со протеини и претставува една од ретките растителни намирници кои содржат доволни количини од сите девет есенцијални амино киселини. Исто така, има многу повеќе растителни влакна од повеќето житарици. Киноата содржи големи количини на флавоноиди, вклучувајќи кверцетин и кемпферол, кои се моќни растителни антиоксиданти со бројни здравствени придобивки. Богата со растителни влакна, минерали, антиоксиданси и целосни протеини, киноата е една од најздравите и најхранливите намирници на планетата. Може да го подобри нивото на шеќер и холестерол во крвта, па дури и да помогне во губење на тежината. Од сите видови на киноа, белата киноа е со најделикатен вкус и најлесна текстура и се готви малку помеко од останатите видови на киноа.


Начин на подготовка: Ставете 2 чаши вода во сад со широко дно и оставете да зоврие. Додадете 1 чаша киноа, измешајте и покријте го садот за да зоврие содржината. Намалете ја топлината и динстајте уште околу 15 до 20 минути или додека не се апсорбира целата вода. Кога киноата е правилно зготвена, можете да видите мали завиткани „опашки“ кои излегуваат од семињата. Киноата можете да ја користите како основа за појадок, салата или додаток на вашиот оброк.


Состав: Киноа*.

*органски сертифицирана состојка


Потекло: Перу


Складирање: Да се ​​чува на ладно и суво место.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1489 kJ/354 kcal

Масти: 6,7 g

од кои заситени: 0,8 g

Јаглехидрати: 54 g

од кои шеќери: 2,5 g

Растителни влакна: 12 g

Протеини: 13 g

Сол: < 0,0 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре