YOGI TEA / CLASSIC CHAI ОРГАНСКИ ЧАЈ - 90 ГР.

215 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4012824529267


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Оваа прекрасна комбинација од сладок цимет, кардамон, лут ѓумбир, каранфилче и бибер инспирираше генерации и ja постави основата на брендот YOGI TEA за чаеви со ајурведска мешавина. Во овој чај е собрана концентрирана егзотика на прекрасни зачини. Нежен, сладок цимет, пенлив инспиративен ѓумбир, сладок кардамон полн со есенцијални масла, каранфилче и бибер. Уживањето во овој вкусен чај ви ја загрева душата: вкусен, зачинет и прекрасен. Најдобро се засладува и се ужива со млеко - или во варијанта со веганско млеко.


- Погодно за вегани

- Не содржи глутен


КАРДАМОН

Кардамонот е еден од најпопуларните зачини илјадници години низ азиските и арапските области. Неговата суптилна, слатко-зачинета арома го прави погоден за употреба во многу различни видови на храна, од остри кари до зачинети божиќни бисквити.


ЦИМЕТ

Циметот е меѓу најскапите зачини во светот и наводно веќе бил користен како зачин во Кина во 3.000 п.н.е. Циметот се извлекува од кората на јужноазиското дрво цимет. Има ароматично-сладок вкус и содржи вредни есенцијални масла.


ЃУМБИР

Без разлика дали во божиќни бисквити, како мешавина во кари или во лимонада, ѓумбирот е меѓу најпознатите зачински растенија во светот. Со илјадници години се одгледува во тропските предели на источна Азија. На чаевите им дава овошно-лут и ароматично-зачинет вкус.


Начин на подготовка: Додадете 1 до 1,5 лажички (1,4 g до 2 g) на 1 литар врела вода. Варете го чајот поклопен 15-20 минути. Засладете и додадете топло млеко по желба.


Состав: Цимет* (55%), кардамон*, ѓумбир*, каранфилче*, црн пипер*,

*од сертифицирано органско земјоделство

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре