Известување: од 01.07.2024 новото работно време во продажните локации BELLINA-Капиштец и BELLINA-Настел, Тафталиџе ќе биде 09:00-21:00h Понеделник-Петок и 09:00-17:00h во Сабота

HARMONICA / ОРГАНСКА ГРАНОЛА СО ОВЕС, ЈАБОЛКА И ЦИМЕТ - 250 ГР.

405 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 3800218255103


Бесплатна достава над 1500 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Да почнеме со најважното нешто: оваа гранола е веганска, не содржи глутен и додаден шеќер, направена од активирани семиња и сушена на ниска температура, со цел да биде лесно сварлива. И сè во неа е од органско земјоделство. Активираните семиња не се исто како и никнатите семиња, бидејќи активирањето е натопување, но без да доведе до ртење, со што семето е поварливо и преполно со хранливи материи. Конзумирајте ја наутро или кога и да сакате, секогаш ќе биде вкусна.


- Органски сертифициран производ

- Не содржи глутен

- Не содржи ГМО

- Погодна за вегани


Начин на подготовка: Оваа гранола во Harmonica ја подготовуваат со активирање на семето - за да можете сами да го искористите богатството од хранливи материи. Потоа, следи процес на бавно и нежно сушење. За разлика од печењето, сушењето на гранолата значи дека состојките остануваат сирови и ги зачувуваат нивните хранливи својства. Семките од сончоглед се активираат(натопуваат) и потоа нежно и полека се сушат речиси 24 часа. Потоа се мешаат со останатите состојки и содржината се пакува.


Состав: Органски овес, органски сушени јаболка, органски семки од сончоглед, органски нектар од цвет од кокос, органски путер од какао, органски цејлонски цимет.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 2052,5 kJ/491,2 kcal

Маснотии: 26,6 g

од кои заситени: 10,7 g

Јаглехидрати: 48,2 g

од кои шеќери: 21,7 g

Растителни влакна: 3,7 g

Протеини: 12,9 g

Сол: 0,03 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре