Известување: од 01.07.2024 новото работно време во продажните локации BELLINA-Капиштец и BELLINA-Настел, Тафталиџе ќе биде 09:00-21:00h Понеделник-Петок и 09:00-17:00h во Сабота

BETTR / ОРГАНСКИ ТААН ОД БЕЛ СУСАМ - 500 ГР.

600 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 3800233780550


Бесплатна достава над 1500 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Органскиот таан од бел сусам од Bett’r е целосно направен од печено и излупено органско семе од сусам. Неговата супер фина текстура и пријатната арома го прават погоден за правење на богато смути, преливи за салати и разновидни десерти.

Таанот од сусам може да се комбинира со наут, лук, маслиново масло и лимон за неверојатно вкусен хумус. Слатките со мед, урми и какао се популарни за љубителите на десерти. Таанот од сусам може да се додаде во парче леб измешано со мед или во различни јадења од Блискиот Исток како Баба Гануш и Халва. Неговата разновидна употреба и нутриционистички состав е причината поради кои станува се пораспространет и посакуван.

Излупениот таан од сусам има посветла боја и помек вкус. Се препорачува за луѓе со анемија, кардиоваскуларни проблеми и остеопороза. Причината за тоа е недостатокот на лушпа која го олеснува варењето и може да го намали нивото на холестерол и да го зголеми нивото на витамин Е во телото. Друг интересен факт за таанот од сусам е дека само 35 g дневно обезбедуваат над 75% од потребната дневна количина на бакар, и над 35% од потребната дневна количина на калциум.


Таанот никогаш не бил толку фино мелен! Пробајте го затоа што се состои од:

- 100% природни и органски состојки

- Супер мазна и кремаста структура благодарение на новата технологија за фино мелење на јаткасти плодови

- Богат извор на протеини

- Компатибилен со кето диета


Состав: Органско печено излупено семе од сусам (100%).

Може да содржи траги од сусам и јаткасти плодови.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 2787 kJ/675 kcal

Маснотии: 62 g

од кои заситени: 9,3 g

Јаглехидрати: 1,5 g

од кои шеќери: 1 g

Растителни влакна: 10 g

Протеини: 23 g

Сол: 0,01 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре