Известување: од 01.07.2024 новото работно време во продажните локации BELLINA-Капиштец и BELLINA-Настел, Тафталиџе ќе биде 09:00-21:00h Понеделник-Петок и 09:00-17:00h во Сабота

BETTR / ОРГАНСКИ ТААН ОД ИНТЕГРАЛЕН СУСАМ - 500 ГР.

540 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 3800233780567


Бесплатна достава над 1500 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Органскиот таан од интегрален сусам од Bett’r е направен исклучиво од совршено печено семе од сусам. Со супер фина и кремаста текстура како и без додадени масти, овој таан е идеален за подготовка на салати, десерти и смути.

Таанот од сусам може да се комбинира и со солена и со слатка храна. Некои од најчестите солени комбинации содржат лимон, нане и наут. Слатките комбинации се со мед, какао, урми и слично. Разновидните употреби и нутритивниот состав се причините поради кои таанот станува се пораспространет и посакуван за конзумирање.

Меленото семе од сусам има многу придобивки за човечкото тело. Некои од најпознатите придобивки се поврзани со метаболизмот, како намалување на холестерол, високо ниво на калциум и цинк, поддршка во борбата против артритис, висок крвен притисок, мигрена и астма. Друг интересен факт за таан-от од сусам е дека една лажица таан содржи речиси иста количина на железо колку и 100 gr. црвено месо. Ова го прави одличен извор на железо во исхраната кај вегетаријанци, вегани и лица со анемија.


Таанот никогаш не бил толку фино мелен! Пробајте го затоа што се состои од:

- 100% природни и органски состојки

- Супер мазна и кремаста структура благодарение на новата технологија за фино мелење на јаткасти плодови

- Богат извор на протеини

- Компатибилен со кето диета


Состав: Органски печен интегрален сусам (100%).

Може да содржи траги од сусам и јаткасти плодови.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 2581 kJ/625 kcal

Маснотии: 55 g

од кои заситени: 8,9 g

Јаглехидрати: 2 g

од кои шеќери: 1 g

Растителни влакна: 12 g

Протеини: 25 g

Сол: < 0,01 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре