Капиштец: 078 885 333 | Тел: 077 703 888

Од 10-16ти Јуни -30% на машката колекција на козметика и парфеми со кодот: MenHealthDay30

Од 10-16ти Јуни -30% попуст на машката колекција на козметика и парфеми со кодот: MenHealthDay30

Органска мешавина за поддршка на цревната флора – 200 гр.

505,00 ден

In stock

Здравјето на целото тело е тесно поврзано со нормалната функција на цревната флора. Сепак, динамичното живеење и секојдневните предизвици можат да ја нарушат нејзината рамнотежа

Dragon Superfoods Happy Gut Mix е внимателно формулирана мешавина за поддршка на здрав и балансиран микробиом, со што придонесува за подобра дигестија и целокупна благосостојба. Нејзиниот деликатен вкус доаѓа од внимателно избраната комбинација на состојки:

 

– Јаболко во прав, богато со инулин, природен пребиотик кој придонесува за здравјето на дебелото црево. Го поттикнува растот на бифидобактериите, и го ограничува развојот на потенцијално штетните бактерии како Escherichia coli, Salmonella и Listeria. Јаболкото во прав е богато и  со пектин, кој служи како пребиотик и извор на храна за корисните цревни бактерии. Овозможува полесно варење на храната и празнење на дебелото црево.

 

– Морков во прав, богат со нерастворливи растителни влакна, кои го олеснуваат побрзото движење на дигестивниот тракт и ја балансира pH вредноста на цревната флора.

– Безглутенско овесно брашно, кое содржи бета-гликан, го поддржува метаболизмот на глукоза по оброкот и го намалува нивото на холестерол во крвта.

– Лушпи од псилиум, богати со растворливи растителни влакна кои ја апсорбираат водата од варењето на храната, формирајќи гелеста структура во цревата. Помага за побрзо варење и одржува подолготрајно чувството на ситост.

 

– Органски производ

– Вегански производ

– Богат со растителни влакна

Земја на потекло: Бугарија.

2 лажици (9 g. растителни влакна) дневно, додадени во 100-200 ml вода, смути или појадок.

Овој микс е одличен додаток на вашето дневно мени, но за целосно да ги искусите неговите предности, треба да се комбинира со добро балансирана исхрана. Потребниот внес на растителни влакна за оптимална функција на цревата се движи од 30 g. до 40 g. дневно, во зависност од телесната тежина.

 

Складирање:

Да се чува на суво ладно и темно место.

Јаболка во прав* (22%), морков во прав*, безглутенско овесно брашно*, лушпи од псилиум во прав* (15%), растителни влакна од јаболка* (10%), ѓумбир во прав*, црн пипер во прав*, куркума во прав*, ким во прав*.

*од органско земјоделство.

Може да содржи траги од сусам, кикирики и ореви.

 

 

Хранливи вредности на 100g

Енергија: 1149 kJ / 276 kcal

Масти: 2,3 g

од кои заситени масни киселини: 0,4 g

Јаглехидрати: 33 g

од кои шеќери: 18 g

Растителни влакна: 44 g

Протеини: 8,7 g

Сол: 0,4 g

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават рецензија.

Поврзани производи

Органска мешавина за поддршка на цревната флора – 200 гр.
505,00 ден