Капиштец: 078 885 333 | Тел: 077 703 888

Органска мешавина за поддршка на цревната флора – 200 гр.

265,00 ден

Out of stock

Здравјето на целото тело е тесно поврзано со нормалната функција на цревната флора. Сепак, динамичното живеење и секојдневните предизвици можат да ја нарушат нејзината рамнотежа

Dragon Superfoods Happy Gut Mix е внимателно формулирана мешавина за поддршка на здрав и балансиран микробиом, со што придонесува за подобра дигестија и целокупна благосостојба. Нејзиниот деликатен вкус доаѓа од внимателно избраната комбинација на состојки:

 

– Јаболко во прав, богато со инулин, природен пребиотик кој придонесува за здравјето на дебелото црево. Го поттикнува растот на бифидобактериите, и го ограничува развојот на потенцијално штетните бактерии како Escherichia coli, Salmonella и Listeria. Јаболкото во прав е богато и  со пектин, кој служи како пребиотик и извор на храна за корисните цревни бактерии. Овозможува полесно варење на храната и празнење на дебелото црево.

 

– Морков во прав, богат со нерастворливи растителни влакна, кои го олеснуваат побрзото движење на дигестивниот тракт и ја балансира pH вредноста на цревната флора.

– Безглутенско овесно брашно, кое содржи бета-гликан, го поддржува метаболизмот на глукоза по оброкот и го намалува нивото на холестерол во крвта.

– Лушпи од псилиум, богати со растворливи растителни влакна кои ја апсорбираат водата од варењето на храната, формирајќи гелеста структура во цревата. Помага за побрзо варење и одржува подолготрајно чувството на ситост.

 

– Органски производ

– Вегански производ

– Богат со растителни влакна

Земја на потекло: Бугарија.

Поврзани производи

Органска мешавина за поддршка на цревната флора – 200 гр.
265,00 ден